Монопол
Од Википедија, слободна енциклопедија
Монопол е исклучиво право на производство, трговија или занает во врска со некој производ или служба. Монополот може да му припаѓа на еден човек, на определена група луѓе, претпријатие или на една држава.
Главни карактеристики во монополот се:
- недостиг на конкуренција
- еден продавач
- немање на сличен (потенцијално заменувачки) производ