Ново Лисиче
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ново Лисиче е високо урбанизирана населба во источниот дел на градот Скопје, на 5 км одалеченост од Центарот.На десниот (јужниот) брег на реката Вардар. На исток Ново Лисиче се граничи со делот на Населбата Лисиче познат како Островска, на запад со населбата Јане Сандански (која сите ја викаат Аеродром), на југ односно новите згради се дел од Населба Лисиче,а на север се допира до брегот на Вардар
Содржина |
[уреди] Сообраќај,инфраструктура и местоположба на Ново Лисиче
Како поодалечена населба од центарот на градот, а со огромен број на стамбени згради и жители кон Ново Лисиче водат многу автобуси како 5, 15, 3 (чија последна станица е Ново Лисиче), а автобусот 23 го обиколува цело Ново Лисиче бидејќи населбата има форма на квадрат. Со Центар и западниот дел на Скопје (Карпош, Ѓорче Петров) е поврзана со булеварот Јане Сандански кој преку населбите Аеродром и Јане Сандански оди кон Центар, а кон Маџари, Автокоманда и Индустриската зона води мостот Близнаци.
Во Ново Лисиче водат два главни булевара, и тоа АСНОМ и В. С. Бато. Булеварот АСНОМ се претвора во АВНОЈ во населбата Јане Сандански, а В.С.Бато се претвора во булерварот Јане Сандански. Двата главни булевара се разгрануваат во многу улички и паркинзи кои ја сочинуваат патната инфраструктура на Ново Лисиче.
[уреди] Население и структура на население
Ново Лисиче е урбана населба составена исклучиво од станбени згради со оглед на тоа има огромен број на жители,младо население и разни демографски движења. Според некои проценки и пописни листи за Скопје,Ново Лисиче има околу 17 200 жители од кои 97,5% се Македонци,1% Срби,0,5% Албанци и 1% други. Младо население во Ново Лисиче има од 32-34%, наталитетот е со средна големина (исто како во Капиштец),а миграционите движења сесеуште големи како внатрешните од други скопски населби така и од другите делови на Македонија многу луѓе се доселуваат и отселуваат од Ново Лисиче. Вработеноста е околу 81%,а писменоста на населението околу 94,8%.
[уреди] Историја на Ново Лисиче
Населбата Ново Лисиче е изградена во годините 1985-1990.На местото на денешната населба (зградите) се наоѓала најплодната алувијална рамнина во Скопската котлина,на која за жал nместо пченица никнале згради.Населени места имало во близината,а тоа е денешната Населба Лисиче (порано била село).
[уреди] Потекло на името Ново Лисиче
За потеклото на името Ново Лисиче не постои некоја посебна легенда,туку поради близината со Лисиче му е дадено името Лисиче со додавката Ново,бидејќи е ново и помладот од населбата Лисиче.
Скопски маала и населби | ![]() |
|
---|---|---|
Автокоманда | Аеродром | Бутел I | Бутел II | Влае | Водно | Волково | Гази Баба | Гоце Делчев | Дебар Маало | Дексион | Драчево | Ѓорче Петров | Жданец | Железара | Злокуќани | Илинден | Јане Сандански | Капиштец | Карпош I | Карпош II | Карпош III | Карпош IV | Кисела Вода | Кисела Јабука | Козле | Колонија Идризово | М.А. Ченто (Сингелиќ) | Маџари | Маџир Маало | Миладиновци | Момин Поток | Ново Лисиче | Пинтија | Пржино | Припор | Радишани | Скопје Север | Сопиште | Стајковци | Топанско Поле (Населба Васил Главинов) | Ќерамидница | Хиподром | Центар | Црниче | Чаир | Шуто Оризари |