Азија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Азија е централен и источен дел од континентот Евроазија, дефиниран со исклучувањето на европскиот полуостров од Евроазија. Геолошки и географски, Азија не е ниту континент ниту субконтинент. Азија, сепак, обично се смета за најголемиот континент на светот по површина и број на население (преку 4 милијарди жители или 60 проценти од светското население).
Азија (Асирски збор „Асу„ - изгрев на Сонце) се наоѓа скоро целосно на северната хемисфера, освен островскиот дел на Малајскиот Архипелаг, кој се спушта за 10 степени во јужната хемисфера. Крајните точки на копнениот дел на Азија на север достигаат до р'тот Чељускин на полуостровот Тајмир, на југ до р'тот Буру, на Малајскиот Полуостров, на исток до р'тот Дешнев на Чукотскиот полуостров и на запад до р'тот Баба на полуостровот Мала Азија. Меѓутоа ако се земе и островскиот дел на Азија, тогаш најсеверната точка се наоѓа на островот Северна Земја (81 СГШ), а најјужната на островот Роти (11 ЈГД) кој се наоѓа во групата на малите сундски острови.
Уште од античко време границите помеѓу Европа и Азија се јасни и одат по линијата на Егејското Море, Дарданелите, Мраморното Море, Босфорот и Црното Море.
[уреди] Земји и Територии кои се наоѓаат во Азија
Ова е недовршена статија за географија. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |
Африка-Евроазија |
Америка |
Евроазија |
Океанија |
||||||||||||||||||||||||
Австралија |
Азија |
Антарктик |
Африка |
Европа |
Ј. Америка |
С. Америка |
|||||||||||||||||||||
Геолошки суперконтиненти Ваалбара • Гондвана • Кенорланд • Колумбија • Лавразија • Пангеја • Панотија • Родинија • Ур |
|||||||||||||||||||||||||||
Митски и теоретски континенти Атлантида • Лемурија • Му • Terra Australis |