Претседатели на Република Македонија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Претседателството на Македонија започнало со Декларацијата за независност од СФРЈ (Социјалистичка Федеративна Република Југославија) на 8 септември, 1991. Меѓутоа во оваа листа може да се вметне и престедателот на Президиумот на АСНОМ, т.е. Претседателот на Демократска Федерална Македонија.
Личност | Почеток на мандатот | Крај на мандатот | Политичка партија | Начин на избор |
Бранко Црвенковски | 12 мај, 2004 | СДСМ | вонредни претседателски избори | |
Љупчо Јордановски (вршител на должност) | 26 февруари, 2004 | 12 мај, 2004 | СДСМ | согласно Уставот |
Борис Трајковски | 15 декември, 1999 | 26 февруари, 2004 | ВМРО-ДПМНЕ | редовни претседателски избори |
Саво Климовски (вршител на должност) | 19 ноември, 1999 | 15 ноември, 1999 | ДА | согласно Уставот |
Киро Глигоров | 17 ноември 1995 | 19 ноември, 1999 | независен | редовни претседателски избори |
Стојан Андов (вршител на должност) | 4 октомври, 1995 | 17 ноември 1995 | ЛП | согласно Уставот |
Киро Глигоров | 18 септември, 1991 | 4 октомври, 1995 | независен | |
Методија Андонов - Ченто | 2 август 1944 | 14 март, 1946 | КПМ | Заседание на АСНОМ |
Бранко Црвенковски
Бранко Црвенковски доаѓа на функција Претседател на Република Македонија на вонредните претседателски избори 2004 година организирани после трагичната смрт на претходниот претседател на Република Македонија.
Борис Трајковски
За време на мандатот на Претседателот Борис Трајковски во Република Македонија се случуваат борбени дејствија, во кои безбедносните сили на републиката се борат против недефинирана воена сила. После борбените дејствија доаѓа до промена на уставното уредување на Република Македонија со што Македонија од граѓанска држава на Македонскиот народ и останатите народи станува држава на етничките заедници на Македонците, Албанците и останатите.
Претседателот Борис Трајковски го завршува својот мандат после неговата тагична смрт во авионска несреќа под неразјаснети околности, со владиниот авион во близина на Мостар, Босна и Херцеговина.
Киро Глигоров
Прв претседател на независна Република Македонија. Во негово време и најстар претседател на постоечките држави во светот, се до престанокот на неговиот мандат во 1999 по сила на Уставот.
Првиот мандат го добива по пат на гласање во Собранието на Република Македонија.
Вториот мандат го добива на непосредни избори.
Киро Глигоров не бил во состојба да ја врши функцијата претседател по обидот за атентат врз него во 1995 год. За време на неговата спреченост за вршење на функцијата, вршител на функцијата Претседател на Република Македонија бил Стојан Андов.
Методија Андонов - Ченто
Бил всушност Претседател на Демократска Федерална Македонија, избран по пат на гласање од присутните лченови на АСНОМ на 2 август 1944. Заради предоминацијата на Југословенските струења во Македонија, тој се соочил со многу проблеми, дал оставка во 1946. По ова неговите политички противници му изнаоѓаат обвинение и го осудуваат на 11 години затвор. Тој одлежува 9, па умира, меѓувремено не престанувајќи да се бори за македонската кауза.