АСНОМ
Од Википедија, слободна енциклопедија
Антифашистичкото Собрание на Народното Ослободување на Македонија (АСНОМ) e врховно законодавно и извршно тело на Македонија во периодот од август 1944 година до завршувањето на Втората светска војна.
Содржина |
[уреди] Прво заседание на АСНОМ
По објавувањето на одлуката за свикување на АСНОМ, се пристапи кон избирање на делегатите за Собранието. Самиот начин на кој се избирале делегатите за АСНОМ не е сосема јасен. Во "Зборникот на документи од АСНОМ", издаден од Институтот за национална историја, има еден спис на ЦК КПМ од кој се гледа дека "електорскиот процес" се опишува вака - обласните комитети треба да ги избираат пратениците за "Прохор Пчински" на местни конференции од по 5 - 6 лица [1].
Првото заседание на АСНОМ е одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински. На заседанието, кое во 17.15 часот го отвори најстариот делегат, учителот Панко Брашнаров од Велес, со присуство на делегати од сите краишта на Македонија и на претставници на големите сили учесници во антифашистичката војна - САД и Велика Британија, се донесени неколку важни одлуки:
- Решението за прогласување на АСНОМ за врховно законодавно и извршно народно претставничко тело и највисок орган на државната власт на демократска Македонија
- Декларацијата на АСНОМ за основните права на граѓаните на демократска Македонија
- Решението на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава
- Решението на АСНОМ за прогласување на Илинден – 2 август за народен и државен празник на македонската држава.
Покрај овие одлуки на ова заседание се прифатени решенијата од Второто заседание на АВНОЈ, одобрена е работата на Главниот штаб, формирана е комисија за испитување на воените злосторства направени од окупаторите и нивните слуги, како и друга комисија задолжена за изработување на законски проекти. Од заседанието е упатен Манифестот на Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ.
Првото заседание на АСНОМ формира свој Президиум, кој всушност претставува прва македонска влада. Покрај претседател, Президиумот имал двајца потпретседатели, двајца секретари и 17 члена. За претседател е избран Методија Андонов - Ченто, трговец од Прилеп, за потпретседатели Панко Брашнаров, учител од Велес и Емануел Чучков (Мане Чучков), директор на гимназијата од Штип. За секретари се избрани инженер Љупчо Арсов, банкарски службеник од Штип и д-р Владимир Полежиновски, правник од Кичево.
Во составот на Президиумот биле и Јован Ѓоргов, свештеник од село Дреново, Кавадаречко, Епаминонда Поп Андов, професор од Струмица, Генадие Илиев Лешков земјоделец од село Дреново, Бродско, Камбер Хасан, земјоделец од село Долни Дисан, Кавадаречко, Ацо Петровски, кројач од Скопје и Младен Ѓорѓиев Челопечки, земјоделец од село Челопек, Кумановско.
[уреди] Делегати на Првото заседание на АСНОМ
- Абдула Алија, работник, Прешево.
- Александар Георгиев, градежен инжинер, Гостивар;
- Александар Петровски, кројач, потпретседател на стопанската комора Скопје;
- Асен Симидџиев, канд. адвокат, Скопје;
- Атанас Бојков, командант на Струмичкиот одред, с. Богданци,
- Атанас Великов, работник, Петрич;
- Бане Андреев - Ронката, политички комесар на Главниот штаб, Велес;
- Благое Левко, адвокат, Велес;
- Благое Хаџи Панзов, адвокат, Велес,
- Благоја Минов, работник, Струмица;
- Благоја Фотев, земјоделец, Бистрица;
- Благоје Стефков, работник, Куманово;
- Борис Атков, чиновник, Скопје,
- Борис Поцков, типограф, Струмица;
- Борис Чушкаров, учител, пол.ком. на III-та бригада, Куманово;
- Борко Темелков, работник, Прилеп;
- Боро Димитриев, воздухопловен поручник на кралската Југословенска војска, Равно;
- Боро Милевски, поручник, командант на IV-та бригада, Штип;
- Боро Чаушев, работник, Неготино;
- Ванчо Бурзевски, приватен чиновник, Св. Николе;
- Васил Атанасков Ивановски, работник, Костур;
- Васил Атанасов Василев, работник, Петрич;
- Васил Калајџијевски, судија, Вевчани, струшко;
- Васил Кара Ангеловски, заменик командант на V-та бригада, земјоделец, Битола;
- Венко Марковски, поет, Скопје;
- Вера Ацева, домаќинка, Прилеп;
- Веселинка Малинска, приватен чиновник, Куманово;
- Видое Смилевски, банкарски чиновник, Гостивар;
- Владимир Полежиноски, д-р , правник, Кичево;
- Владо Малески, студент по право, Струга;
- Генади Илијев Лешков, земјоделец, с. Дреново, Бродско;
- Георги Ивановски, учител, Ресен;
- Диме Туриманџовски, мајор на НОВ и ПОМ, Кавадарци;
- Димитар Влахов, публицист, Кукуш;
- Димитар Зафировски, журналист, Гевгелија;
- Димитар Миовски, лекар во железничката болница, Скопје;
- Димитар Теменугов, пол.ком. на Струмичкиот одред;
- Димитри Манџовски, земјоделец, Костур;
- Димче Беловски, приватен чиновник Штип;
- Димче Стојанов Миревски, професор, Прилеп;
- Душан Лукаров, работник, Скопје;
- Елисије Поповски, банкарски чиновник, Маврово;
- Емануил Чучков, директор на гим(назија) Скопје, Штип,
- Епаминонда поп Андонов, професор, Струмица;
- Живко Брајковски, земјоделец, Галичник;
- Злате Билјановски, заменик пол.ком. на III -та бригада Пуста Река,
- Злате Тренески, земјоделец, Кичево;
- Иван Раднански, земјоделец, с. Радна;
- Иван Танев, поручник, Гевгелија;
- Илија Божиновски, чиновник, Ресен;
- Илија Илијески, адвокат, Битола;
- Исак Сион, приватен чиновник, Штип;
- Јанко Шопов, техничар, Гевгелија,
- Јован Георгиев, свештеник, с. Дреново;
- Јонче Колев Трпевски, работник, Ресен;
- Јордан Блажевски, инж. агр., Тетово;
- Камбер Асан, земјоделец, Долно Дисан;
- Кемал Аголи, студент по филозофија, Дебар;
- Кемал Сејфула, занаетчија, Скопје;
- Кирил Георгиевски, инж., архитект, Скопска општина, Прилеп;
- Кирил Григоров (Киро Глигоров), адвокат, Штип;
- Кирил Миљовски, Д-р, ветеринарен лекар, Битола;
- Кирил Михајловски, учител, Виница;
- Кирил Петров Чаулев, студент Охрид;
- Кирил Петрушев, типографски работник, Скопје;
- Кирил Стојанов, свештеник, Дебар;
- Кирил Тошев Крстев, работник, Дебарце;
- Коста Јашмаков, капетан, началник на штаб на III-та бригада Битола;
- Лазар Гиновски, земјоделец, Белчишта;
- Лазар Мојсов, студент по право, Неготино;
- Лазар Соколов, инж. економист , Куманово;
- Лазо Калајџиев, работник, Неготино;
- Лилјана Чаловска, студентка, Битола;
- Љубомир Арсов, инж. економист , банкарски чиновник, Штип;
- Мара Нацева, работничка, Куманово;
- Маца Карбева, домаќинка, Велес;
- Методи Панов Джунов, земјоделец, Ваташа;
- Методи Поповски, поручник командант на II-та бригада, Прилеп;
- Методи Андонов - Ченто, трговец, Прилеп;
- Милан Костов Стефанов, земјоделец, с. Десово;
- Милева Сабо, работничка, Скопје;
- Мино Богданов, чиновник, Велес;
- Мино Минов, работник, Маврово;
- Михаил Апостолски, генерал-мајор , командант на НОВ и ПОМ, Штип;
- Младен Георгиев, земјоделец, Челопек;
- Најдо Стаменин, работник, Неготино;
- Наум Наумовски, политички комесар на II-та бригада, Крушево;
- Наум Ташков Василевски, Потпоручник, заменик командант на III -та бригада, Ресен;
- Нафи Сулејман, земјоделец, Битолско;
- Никола Иванов Вражалски, канд. адвокат, Кочани;
- Никола Минчев, банкарски чиновник, Кавадарци;
- Никола Мицев, Д-р, ветеринарен лекар бактериолог, Кратово;
- Никола Пеев, работник, с. Богданци;
- Панко Брашнаров, учител, Велес;
- Панче Неделковски, потполковник, заменик командант на Главниот Штаб на НОВ и ПОМ, Скопје;
- Перо Ивановски - Тиквар, работник, Прилеп;
- Петар Богданов - Кочко, оперски пејач, Скопје,
- Петар Стојанов Манговски, адвокат, Битола;
- Петре Пирузе, адвокат, Охрид;
- Ристо Балајцалиев, приватен чиновник, Гевгелија;
- Славко Поп Антовски, Инж. , агроном, Скопје;
- Стоилко Костов Иванов, учител, Ораов Дол;
- Стојан Тодоровски, приватен чиновник, Куманово;
- Страхил Бајовски, учител, Берово;
- Страхил Гигов, началник, персонално одделение, Велес;
- Тихомир Милошевски, мајор, командант на III-та македонска бригада, с. Битуше, Галичко;
- Тодор Ношпал, трговец, Прилеп;
- Тодор Пецов Циповски, работник, Тетово;
- Тодор Стојанов Звездин, активен судски потполковник во кралството Југославија, Скопје;
- Томо Кутурец, приватен чиновник, Крушево;
- Трајко Цветанов, студент, Крива Паланка;
- Трајче Трајчески, земјоделец, Црвена Вода;
- Цветко Узуновски, работник, Ресен;
- Часлав Рангеловски, инж., шумар, Скопје;
- Чеодомир Филиповски, работник, поручник на НОВ, Гостивар;
(Народните претставници Кирил Крстев, Васил Калајџиевски и Абдула Алија се кооптирани за членови на АСНОМ на седницата на Президиумот на АСНОМ од 6 август 1944 година)
[уреди] Види исто така
[уреди] Надворешни врски
- Список на народните претставници од Македонија избрани за првото заседание на АСНОМ
- АСНОМ прогласено за врховно, законодавно и извршно народно претставничко тело
- Документите на АСНОM фасцинираат со својата демократичност
- Борбата со југословенските народи ја создаде македонската држава
- АСНОМ е највисок историски дострел на македонскиот народ
- Интервју со Киро Глигоров