Ричард Сталман
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ричард Метју Сталман (роден на 16 март, 1953 година), познат и по својата кратеница "RMS", е основач на движењето за слободен софтвер, ГНУ (GNU) проектот и Фондацијата за слободен софтвер. Сталман е познат програмер и "хакер" и меѓу неговите најважни заслуги се вбројуваат GNU Emacs, GNU C Compiler и GNU Debugger. Тој е автор на ГНУ Општа Јавна Лиценца (GNU General Public License - позната под кратеница GNU GPL или GNU) која е најчесто употребувана лиценца за слободен Софтвер. Сталман се смета за еден од оснивателите на концептот на копилефт (copyleft).
Од средината на ’90-тите години, Сталман се посветува на политичката кампања и просветителство за слободен софтвер и против патентирањето на софтверски идеи и ширење на законските основи за зголемување на авторските права. Као програмер и понатаму го одржува и подновува GNU Emacs. Сталман е скромен по природа и живее од донации за работата на Фондацијата за слободен софтвер. Своето време го поминува во подготовка и учество на конференции и семинари посветени на слободниот софтвер.