Судска власт
Од Википедија, слободна енциклопедија
Судовите ја практицираат судската власт. Во Република Македонија според Законот за Судови од 1995, постојат 27 судови на прва инстанца, три апелациони судови и Врховен суд. Исто така има и Уставен суд чии судии се избираат од страна на Собранието.
Судовите се автономни и независни. Судовите судат врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот. Типовите на судови, нивните сфери на компетенција, нивното уредување, укинување, организација и состав, како и процедурата која ја следат се регулирани со закон усвоен со мнозинско гласање од две-третини од вкупниот број пратеници во Собранието на Република Македонија.
Судиите имаат имунитет. Собранието одлучува за имунитетот на судиите. Извршувањето на судската функција не е компатибилно со извршување на други јавни функции, професии и членство во политичка партија. Политичко организирање и активност на судството е забрането. Врховниот Суд на Република Македонија е највисокиот суд во републиката и обезбедува униформност во имплементацијата на законите од страна на судовите.