Тасманово Море
Од Википедија, слободна енциклопедија
Тасманово Море е голема водна површина помеѓу Австралија и Нов Зеланд со пречник од околу 2000 километри. Ова море е југозападен сегмент на Јужниот Пацифик. Именувано е по холандскиот истражувач Абел Тасман, првиот европеец кој ги открил Нов Зеланд и Тасманија. Британскиот исражувач Џејмс Кук подоцна, во 1770-тите детално го истражувал Тасмановото Море како дел од неговото прво патешествие.
Според Меѓународната Хидрографска Организација, во Тасмановото море спаѓаат водите источно од австралиските држави Нов Јужен Велс, Викторија и Тасманија. Северната држава Квинсленд се граничи со Коралното море, а границата помеѓу Нов Јужен Велс и Квинсленд исто така е и граница помеѓу двете мориња.
Тасмановото море има разни островски групи во неговата средина, сосема раздалечени од австралиските или новозеландските крајбрежни острови:
- Лорд Хауи и неговите споредни острови
- Болова Пирамида.
- Норфолшки остров, во најсеверниот дел на Тасмановото море, на границата со Коралното море.
Сите овие острови ѝ припаѓаат на Австралија.