Текелиево
Од Википедија, слободна енциклопедија
Текелиево (грчки: Σίνδος) е индустриско предградие на Солун, Грција. Таму се наоѓа Техничката образовна институција на Солун - „Александрио“, и индустриската зона на градот со голем број на индустриски капацитети, хангари, стоваришта итн. Текелиево претставува и голема товарна железничка станица на излезот од Солунското пристаниште кон Република Македонија. На влезот од местото се наоѓаат православна црква и воена касарна. Тоа е дел од општината Ехедорос.
[уреди] Историја
Селото Текелиево своето име го добило по старо турско теќе кое се наоѓало во селото. Текелиево е сместено во македонската етногеографската област Вардарија во околината на Солун. Пред поделбата на Македонија со мировниот договор од Букурешт во 1913, селото броело стотина куќи и 425 жители (1903 година), Македонци и Турци, oд кои Македонците биле доминантно мнозинство. Со масовната колонизација на грчко население на местото од на ѕверски начин протераното македонско и турско (муслиманско) население во 1922, драстично се променил и етничкиот состав на населението на Текелиево. Денес во местото сеуште има мал број на Македонци кои местото го нарекуваат со македонското име Текелиево. Доказ за тоа се и неколку пекарници и работилници во сопственост на Македонци кои ги носат имињата „Текели“ и „Текелево“.