Тројцата Возвишени и Петте Цара
Од Википедија, слободна енциклопедија
Тројцата Возвишени и Петте Цара (кинески: 三皇五帝, Сан-хаунг ву-ти) биле митолошки владетели на Кина за време на преиодот од ц. 2852 п.н.е. до 2205 п.н.е., времето кое ѝ претходи на династијата Хсија.
[уреди] Тројцата Возвишени
Тројцата Возивишени или Тројцата Владетели биле кралеви-богови или полубогови кои им помагале на луѓето со своите магинчи моќи. Заради нивната возвишена доблест, ти живееле многу долго и владееле во мир.
Ним им се препишуваат разни идентитети во разни кинески историски книги. Книгата Записи на историчарот од Сима Чијан вели дека тие биле:
- Божествениот Владетел (天皇), владеел 18,000 години
- Земниот Владетел (地皇), владеел 11,000 години
- Човечкиот Владетел (泰皇 or 人皇), владеел 45,600 години
Делата Јундоу шу (運斗樞) и Јуанминг бао (元命苞) ги идентификуваат како:
Фухси и Нива биле богови-маж и жена од кои се смета дека потекнува човештвото по големата разорна поплава. За Шен-нонг се смета дека го измислил земјоделството и прв почнал да користи билки како лекови.
Шангшу дажуан (尚書大傳) и Баиху тонгји (白虎通義) ја заменуваат Нива со Суриен (燧人), изумителот на огнот. Диванг жиџи (帝王世紀) ја заменува Нива со Жолтиот цар (黄帝), претпоставениот предок на сите (хан) кинези .
[уреди] Петте Цара
Петте цара биле легендарни, морално совршени кралеви-мудреци. Според Записите на историчарот тие биле:
- Жолтиот цар (黄帝)
- Жуанхсу (顓頊)
- Ку (嚳)
- Јао (堯)
- Шун (舜)
Јао и Шун се познати и како Двата Цара, и, заедно со Ју Велики (禹), основачот на династијата Хсија, се сметале за припер за владетели и морални архетипи од страна на конфучијанците во подоцнежната кинеска историја. Делата Шангшу Хсу (尚書序) и Диванг шиџи го содржат Шаошао (少昊) наместо Жолтиот цар.
Во Песната на Чу (楚辭) се опеваат Петте Цара како богови на страните на светот:
- Шаошао (исток)
- Жуанхсу (север)
- Жолт цар (центар)
- Шен-нонг (запад)
- Фухси (југ)
Книгата на обредите (禮記) ги поистоветува Петте Цара со Петте Лози (五氏), кои се:
- Јоучао-ши (有巢氏)
- Суирен-ши (燧人氏)
- Фухси (伏羲氏)
- Нива (女媧氏)
- Шен-нонг (神農氏)
Во една смисла на зборот, првиот историски цар на Кина бил Чин Ши Хуанг (秦始皇), кој го измислил поимот „цар“ (хуангди 皇帝) со комбинација на титулите „возвишен“ (хуанг 皇) и „крал-бог“ (ди 帝).
[уреди] Видете исто така
- Листа на неолитски култури во Кина
- Цар на Кина
|
||||
Општи теми: | Мит на создавањето · Астрологија · Змејови · Религијата во Кина · Народна религија ·Листа на божестца · И Чинг | |||
Важни суштества: | Божества · Тројцата Возвишени и Петте Цара | |||
Осум Бессмртници: | Жонгли Кван · Ли Донгбин · Жанг Гуо Постариот · Философот Хан Хсијанг Ли-Железен бастун · Бессмртницата Хе · Лан Цајхе · Цао Гуоџиу |
|||
Митолошки суштества: | Листа на митолошки суштества | |||
Митолошки места: | Хсуанпу · Јаочи · Фусанг · Чвечијао · Пенглаи · Лонгмен · Ди Ју | |||
Книжевни извори: | Шан Хаи Џинг · Шуи Џинг Жу · Хеј'ан Жуан · Фенгшен Јанји Пат кон западот · Бајше Жуан · Чудни приказни од едно кинеско студио |