Фес
Од Википедија, слободна енциклопедија
Фес или Фез (арапски: فـاس [Фāс], француски: Fès) е третиот најголем град во Мароко, по Казабланка и Рабат, со население од 946 815 жители (според попис од 2004). Тој е главен град на регионот Фес-Булман.
Фес е еден од четирите т.н. "империјални градови" (другите се Маракеш, Мекнес и Рабат). Градот е поделен на три дела: Фес-ал-Бали (стариот, заѕидан град), Фес-Џедид (новиот Фес, домот на Мелах) и Вил Нувеј, односно Ville Nouvelle (најновиот, создаден од французите дел на градот).
Фес бил основан од Идрис I во 789 година. Во 810, каироујинската џамија, една од најстарите и најголемите во Африка, била изградена од Идрис II, а споениот со неа универзитет бил основан во 859. Градот бил населен со муслимани од другите делови на Северна Африка, како и со Евреи кои имале свој кварт или Мелах во градот.
[уреди] Надворешни врски
- Неколку фотографии на Фес
- Медината на Фес-ал-Бали
- Еврејската заедница на Фес
- Портал на ЛексикОриент
- Фес на магичниот Мароко
- Фестивалот во Фес за светска света музика
- Фото-турнеја на Фес-ал-Бали