Ханибал
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ханибал Барка (247г. п.н.е. – 182г. п.н.е) бил воен командант на античка Картагина, најдобро познат по неговите остварувања во Втората пунска војна, марширајќи со армија од Шпанија преку Пиринеите и Алпите во северна Италија и поразувајќи ги Римјаните во битките: кај реката Требиа(218 п.н.е), Тразименското Езеро(217г. п.н.е) и Кана(216г. п.н.е). По Кана, Римјаните одбивале да се борат со него на отворени битки, и постепено ги освојувале градовите од јужна Италија кои му се приклучиле на Ханибал. Со инвазија во Африка на Римјаните предводени од Сципио Африканус, го принудиле Ханибал во 204г. п.н.е. да се врати во Африка, каде Сципио го победил во битката кај Зама(202г. п.н.е.)