Херон Александриски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Херон Александриски (околу 10 – 70) бил старогрчки инженер и геометар од Александрија, тогашен римски Египет. Неговиот најпознат пронајдок е првата парна машина наречена еолипил. Се смета дека бил следбеник на атомизмот. Некои од идеите ги добил од Ктесибиј.
Речиси сигурно е дека тој предавал во Мусеумот во чии рамки спаѓала слвната Александриска библиотека, бидејќи највеќето негови записи се во облик на белешки за предавања на предмети како математиката, механиката, физиката и пневматиката.
Содржина |
[уреди] Проекти
Херонови дела:
- парна турбина (50/62/70) (еолипил) - првата парна машина, конструирана речиси 2000 години пред Индустриската револуција, придвижувана од парни машини. Оваа направа била сметана за играчка, и затоа нејзиниот потенцијал не бил реализиран со векови.
- Првата вендинг машина била исто така негов изум. Во неа се ставала паричка во отвор врз машината, и тогаш таа давала одредена количина на света вода. Оваа направа стои во листата на изуми во неовата книга Механика и оптика.
- Херон исто така измислил ногу направи за грчкиот театар, вкучувајќи сосема механичка претстава со траење од десет минути, придвижувана од бинаровиден систем на јажиња и јазли.
[уреди] Библиографија
- Пневматика, опис на машини кои работат на воздух, пареа или воден притисок.
- Автомата, опис на машни кои прават чуда во храмови по механички или пневматички пат (на пр. автоматско отворање и затварање на врати во храм, статуи кои излеваат вино и др.). Видете автомати.
- Механика, напишано за архитекти; содржи начини за подигање на тешки предмети.
- Метрика, опис на метод на пресметување на плоштина и волумен на разни предмети.
- За диоптрата, збирка методи за мерење на должини. Во ова дело е опиштан одометарот, како и направа налик на теодолитот.
- Белопоеика, опис на воени машини.
- Катоптрика, за прогресијата на светлината, рефлексијата и употребата на огледала.
За некои дела кои му биле припишувани на Херон, сега се смета дека се од друг автор:[1]
- Геометрија, збирка равенки базирана на првата глава на Метрика.
- Стереометрика, примери на тридимензионални пресметки базирани на втората глава на Метрика.
- Менсури, алатки и направи за мерење, базирани на Стереометрика и Метрика.
- Хеиробалистри, за катапулти.
- Дефиниции, содржи дефиниции на геометриски поими.
[уреди] Наводи
- ↑ O'Connor, J.J. и E.F. Robertson. „Heron biography“. MacTutor History of Mathematics archive. [Страната е посетена на [[18 јуни 2006]]].
[уреди] Видете исто така
- Херонова формула
- Херонов триаголник
- Херонов погон