Хесен
Од Википедија, слободна енциклопедија
Цивилно знаме | |
---|---|
Државно знаме | |
Грб | |
Статистика | |
Главен град: | Визбаден |
Површина: | 21,100 km² |
Жители: | 6.097.800 (2004) |
Густина на насел.: | 288 people/km² |
Веб-сајт: | http://www.hessen.de/ |
ISO 3166-2: | DE-HE |
Политика | |
Премиер: | Роланд Кох (ХДУ) |
Владеачка партија: | ХДУ |
Мапа | |
Хесен (Германски: Hessen) е една од шеснаесетте федерални држави во Германија (Bundesländer), која има површина од 21,110 km² и околу шест милиони жители. Главен град на Хесен е Визбаден, додека негов економски центар е Франкфурт на Мајна.
Содржина |
[уреди] Географија
Сместен во централниот дел на Западна Германија, Хесен се граничи (од северозапад и во правец на стрелките на часовникот) со германските држави Северна Рајна-Вестфалија, Долна Саксонија, Тирингија, Баварија, Баден-Виртемберг и Пфалц. Поголеми градови се Франкфурт на Мајна, Визбаден, Дармштат, Касел, Гисен, Марбург, Вецлар, Офенбах и Фулда.
Главните реки, сместени во северниот дел на Хесен, се Фулда и Лан. Хесен е претежно ридско земјиште, а главните планински вериги се Рун, Вестервалд, Таунус и Шпесарт.
Повеќето жители живеат во најјужниот дел на Хесен помеѓу реките Мајна и Рајна. Рајна е и всушност југозападната граница на Хесен. Планинската верига помеѓу Мајна и Рајна се нарекува Оденвалд.
[уреди] Администрација
Хесен е поделен во 21 област и пет независни градови:
- Бергштрасе (Хепенхајм, Бенсхајм)
- Дармштат-Дибург (Дармштат, Дибург)
- Фулда (Фулда)
- Гисен (Гисен)
- Грос-Герау (Грос-Герау, Руселшајн)
- Херсфелд-Ротенбург (Бад Херсфелд)
- Хохтаунускрајс (Бад Хомбург)
- Касел (Касел)
- Лан-Дил (Вецлар)
- Лимбург-Вајлбург (Лимбург, Вајлбург)
- Мајн-Кинцих (Ханау)
- Мајн-Таунус (Хофхајм, Бад Зоден)
- Марбург-Биеденкопф (Марбург)
- Оденвалдкрајс (Ербах)
- Офенбах (Офенбах)
- Рајнгау-Таунус (Идштајн)
- Швалм-Едер (Фрицлар, Боркен)
- Фогелсбергкрајс (Алсфелд, Лојтербах)
- Валдек-Франкенберг (Корбах)
- Вера-Мејснер (Ешвеге, Виценхаузен)
- Ветераукрајс (Фридберг, Бад Наухајм)
- D Дармштат
- F Франкфурт
- K Касел
- O Офенбах
- W Визбаден
21-ната област и петте независни градови се групирани во три административни региони (Regierungsbezirke): Касел, Гисен и Дармштат.
[уреди] Историја
Во раниот Среден Век, Хесен бил дел на Тирингија, но во војната за Тириншката Сукцесија (1247-64) Хесен ја доби својата независност и постана дел од Светата Римска Империја. По кратко време таа прерасна во држава со првенствено значење под власта на Филип Магнанимусниот, кој бил еден од лидерите на германскиот протестантизам. По смртта на Филип во 1567 година, територијата била поделена меѓу неговите четири синови од неговиот прв брак (Филип бил бигамист) на следните четири линии: Хесен-Касел, Хесен-Дармштат, Хесен-Рајнфелс и претходно постоечката Хесен-Марбург. Иако последните две линии биле уништени по скоро време (1583 и 1605, соодветно), Хесен-Касел и Хесен-Дармштат биле двете најважни држави меѓу Хесенските земји. Неколку колатерални линии се одделиле низ вековите, како во 1622 година, кога Хесен-Хомбург се одделил од Хесен-Дармштат. Во доцниот 16-ти век, Касел го прифатил калвинизмот, додека Дармштат останал лутерански. Како резултат на ова, двете линии често стапувале во различни видови на конфликти, како оној за Хесен-Марбург и триесетгодишната војна, кога Дармштат се борел на страната на императорот, а Касел бил сојузник на Шведска и Франција.
Хесен-Касел бил издигнат на ниво на електорат во 1803, но ова останало без ефект, бидејќи Светата Римска Империја веќе била уништена во 1806 година. Територијата била анексирана од кралството Вестфалија во 1806, но вратена на електорот во 1813. Додека другите електори имале нови титули, станувајќи притоа кралеви или војводи, електорот на Хесен-Кесел го зачувал анахронското достоинство. Името преживеало како Kurhessen, означувајќи го регионот околу Касел. Во 1866, овој регион бил анексиран од Прусија, заедно со слободниот град Франкфурт, Хесен-Хомбург и војводството Насау, кои ја оформиле провинцијата Хесен-Насау.
Хесен-Дармштат бил издигнат на ниво на војводство во 1806 година. Во војната од 1866, Хесен-Дармштат се борел на страната на Австрија против Прусија, но ја задржал својата автономија во поразот, бидејќи поголемиот дел од земјата се наоѓал јужно од реката Мајна, а Прусија не се осмелувала да се проширува на тој дел од реката Мајна, бидејќи ова можеби би можело да ја испровоцира Франција. За разлика од јужниот дел на Хесен-Дармштат, северниот (северно од Мајна), односно регионот околу градот Гисен, наречен и Oberhessen, биле вклучени во Северногерманската Федерација (Norddeutscher Bund), слаба федерација на германските држави, создадена од Прусија во 1867 година. Во 1871, остатокот на војводството се приклучило кон Германската Империја. Пред крајот на векот, Дармштат бил еден од центрите на Југендстил.
Со револуцијата од 1918, Хесен-Дармштат постанал република, нарекувајќи се себеси "Volksstaat Hessen" (Народна држава Хесен). Деловите на Хесен-Дармштат на левиот брег на Рајна (провинцијата Рајнхесен) биле окупирани од Франција до 1930, како резултат на условите од Версајскиот мировен договор, со кој и официјално заврши Втората Светска војна во 1919.
По ВСВ, Хесенската територија лево од Рајна била одново окупирана од Франција, додека остатокот на земјата бил дел од окупационата зона на САД. Французите го одвоиле нивниот дел на Хесен од остатокот на земјата и го вклучиле во новосоздадената држава Пфалц. Од друга страна, САД ја формирале државата Groß-Hessen (Голем Хесен) веќе во 1945, надвор од Хесен-Дармштат и поранешната Пруска провинција Хесен-Насау. На 4 декември, 1946 година, Голем Хесен беше и официјално преименуван во Хесен.
[уреди] Политика
[уреди] Листа на премиерите на Хесен
- 1945: Лудвиг Бергштресер
- 1945 - 1946: Карл Гејлер
- 1946 - 1951: Кристијан Шток (СДП)
- 1951 - 1969: Георг-Август Цин (СДП)
- 1969 - 1976: Алберт Освалд (СДП)
- 1976 - 1987: Холгер Бурнер (СДП)
- 1987 - 1991: Валтер Валман (ХДУ)
- 1991 - 1999: Ханс Ајхел (СДП)
- since 1999: Роланд Кох (ХДУ)
[уреди] Државни избори од 2 февруари, 2003
Роланд Кох остана премиер од ХДУ владата. Неговиот поранешен партнер во коалицијата од Слободната Демократска Партија не беше потребен повеќе и премина во опозиција.
Партија | Гласови за партијата | Процентуално гласови | Вкупно места | Процентуално места |
---|---|---|---|---|
Христијанско-Демократска Унија на Германија (ХДУ) | 1,333,863 | 48.8% (+5,4) | 56 (+6) | 50.9% |
Социјална Демократска Партија на Германија (СоцДП) | 795,576 | 29.1% (-10,3) | 33 (-13) | 30.0% |
Алијанса '90/Зелените | 276,276 | 10.1% (+2,9) | 12 (+4) | 10.9% |
Слободна Демократска Партија на Германија (СДП) | 216,110 | 7.9% (+2,8) | 9 (+3) | 8.2% |
Републиканците | 34,563 | 1.3% (-1,4) | 0 (=) | 0.0% |
Сите други | 78,604 | 2.9% (+0,6) | 0 (=) | 0.0% |
Вкупно | 2,734,992 | 100.0% | 110 | 100.0% |
[уреди] Смртна казна
Смртната казна се спомнува сеуште во уставот на Хесен, бидејќи уставот на Хесен беше составен во 1946 година, кога смртната казна сеуште беше дел од германското судство. Не е јасно дали со плебисцит ќе се укине оваа казна.