Христо Татарчев
Од Википедија, слободна енциклопедија
Д-р Христо Татарчев (16 декември, 1869, Ресен — 5 јануари, 1952, Торино, Италија) е македонски револуционер.
Во 1892 година завршил Медицина во Берлин, Германија и после тоа работи како лекар во Солун. Тој е еден од основачите и воедно прв претседател на Централниот македонски револуционерен комитет во Солун (1893). По враќањето од малоазискиот затвор (1901-1902) станува член на Задграничното претставништво на ТМОРО во Софија.