Цар Фердинанд
Од Википедија, слободна енциклопедија
Фердинанд Сакс-Кобург-Готски (1861-1948) е кнез (1887-1908) и цар на Бугариjа (1908-1918). Тој има голема улога во поделбата на Македонија и во прогонувањето на приврзениците на идејата за независна македонска држава. Се смета за директен наредбодавец на убиството на Јане Сандански.
Фердинанд водел строго прогерманска политика и во Првата Светска војна ја вовлекол Бугарија на страната на Централните сили. Исходот е целосен дипломатски пораз на Бугарија со тешки последици за идниот економски развој на земјата.