Јен
Од Википедија, слободна енциклопедија
Јапонскиот Јен (јапонски: 円, ен) е официјалната валута на Јапонија. Јенот исто така се користи како резервна валута по Американскиот Долар и Еврото. Симболот за означување на јенот е ¥. Во Јапонскиот ракопис 円 значи круг односно тркалезна пара. Трибуквениот код (според интернационалниот стандард ISO 4217) за јапонскиот јен е JPY.
На курсната листа во септември 2006, еден американски долар купувал 118 јапонски јени.
Постојат 4 видови на јапонски банкноти:
- ¥10000
- ¥5000
- ¥2000 (не е моментално во корист)
- ¥1000