Јсп СКОПЈЕ
Од Википедија, слободна енциклопедија
Јавно Сообраќајно Претпријатие СКОПЈЕ (Јсп СКОПЈЕ) | |
Тип | Јавно претпријатие |
---|---|
Основана | 1948 |
Седиште | Скопје, Република Македонија бул. Александар Македонски бр. 10 |
Клучни лица | Орце Ѓоргиевски (Ген. дир.) Петар Спасовски (Прет. на УО) |
Дејност | Јавен превоз |
Производ | Автобуски превоз, маркетинг, сервисирање на автобуси |
Вработени | 1400 |
Подружници | ЈСП Турс |
Веб-сајт | http://www.jsp.com.mk |
Јавно Сообраќајно Претпријатие СКОПЈЕ (скратено Јсп СКОПЈЕ или само ЈСП) е претпријатие за јавен превоз во Скопје, главно во таа дејност во градот, а и најголемото во Република Македонија со 70 милиони патници превезени во 2006 год. и 1400 вработени. Во рамките на препријатието спаѓа и подружницата ЈСП Турс, кое е препријатие за туристички и меѓуградски превоз.
Содржина |
[уреди] Историја
Пред основањето на ова препријатие, јавниот превоз во Скопје бил во рацете на приватни сопственици на поединечни возила и бил помалку организиран.
Јсп СКОПЈЕ е основано по решение на Извршниот народен одбор на град Скопје од 1947 на 17 јануари 1948 како „Градско сообраќајно претпријатие“. Работата започнала со седум автобуси и од марката ГАС и 15 возачи. Во првата година на работење биле превезени 375,000 патници.
[уреди] Работење
Претпријатието го покрива како градот Скопје, така околниот реон со градски и приградски линии - дење и ноќе. Јсп СКОПЈЕ располага со две автобази кои се сместени на спротивните краеви на градот. На источната страна се наоѓа автобазата „Автокоманда“, лоцирана во индустрискиот дел на истоимената населба, а на западната страна е автобазата „Ѓорче Петров“ и тие опслужуваат подеднаков број на возила и се релативно автономни во своето работење.
[уреди] Автобаза Автокоманда
Автобазата „Автокоманда“ располага со вкупна површина од околу 40.150 м2 од што околу 7.740 м2 изградени објекти, а останатото е коловоз, паркинг простор и зеленило. Во оваа автобаза е сместена дирекцијата на Јсп СКОПЈЕ и најголемиот дел од стручните служби. Исто така тука е сместен и Диспечерскиот центар. Меѓу поважните објекти во автобазата се Стар сервис, Нов сервис, Перална, Ремонт, Сервис за зглобни возила, Магацин за делови, Бензинска пумпа, Компресорска станица за природен на гас и други.
[уреди] Автобаза Ѓорче Петров
Автобазата „Ѓорче Петров“ има поголема површина од првата автобаза и зафаќа простор од околу 52.350 м2 од што 7.170 м2 изградени објекти. Оваа автобаза е изградена 1980 година и има многу поголема функционалност што се однесува до паркирањето и движењето на возилата во кругот. Опремена е со комплетна опрема и капацитети за целосно тековно и инвестициско одржување на возилата. Од објектите најзначајни се Дневна нега, Сервис, Линија за репарирање на возила, Хала за зглобни возила, Браварско, Фарбарско и други.
[уреди] Возен парк
Јсп СКОПЈЕ располага со голем возен парк од 440 автобуси, од кои 310 се единечни, а 130 се двојни. Покрај големиот капацитет и покриеност, просечната старост на возилата од 15 години. Градските автобуси се од единечен (соло) и зглобен (двоен) тип, а туристичките се регуларни или минибуси. Еве подетален преглед на возниот парк:
Автобус | КС | Должина (м) | Места за патици |
Санос S115 | 210 | 12 | 115 |
Санос S200 | 240 | 18 | 200 |
Санос S215 | 245 | 12 | 115 |
Икарус 115; Икарус 108 | 220 | 12 | 115 |
Икарус 160 | 220 | 16.7 | 160 |
Лејланд | 165 | 12 | 100 |
Ивеко Минибус | 103 | / | 14-19 |
[уреди] Персонал
Во Јсп СКОПЈЕ работат околу 1400 работници, од кои мал дел се во управата, околу 600 се возачи на автобус распоредени во 4 работни единици. Покрај ова, претпријатието има стручен кадар што ги извршува сите зафати на возилата, каросерија, мотор, долен построј. Истите се овластени сервисери за возилата МАН, РАБА-МАН, Мерцедес, ФАП и минибус Ивеко 4910 ХДКП
Дел од процесот на одржување на возилата и нивна подготовка за вклучување во сообраќај се разни одделенија:
- Моторно
- Менувачко
- Ремонтно
- Хидро-пневматско
- Електрично
- Бошово
- Арматурно
- Лемачко
- Тапетарско
- Фарбарско
- Ковачко
- Заварувачко
- Гумарско
- други
Покрај двата главни сегменти, возачите и механичарите, препријатието има и стручни служби, меѓу кои се: Служба за складирање на резервни делови и материјали, Служба за набавка, Служба за продажба, Финансова служба, компјутерски центар и други.
[уреди] Други услуги
Освен градски превоз на патници, ЈСП врши и други услуги како: посебен линиски превоз, превоз за лица со посебни потреби (нископоден автобус), слободен (туристички) превоз на патници, поставување на реклами на своите возила и одржување и поправка на автобуси како и овластено сервисирање на типовите на возила кои ги поседува претпријатието.
[уреди] Тарифен систем
Наплатата на превозните услоги на ЈСП-Скопје се врши со билети за поништувачи и претплатни билети со маркици со различен број на возења или траење на важност. Се набавуваат продаваат во билетарници, контролни пунктови и во самите автобуси (само единечни билети).
[уреди] Видете исто така
- ЈСП Турс
- Транспорт во Република Македонија
- Јавен транспорт
- Автобус
[уреди] Извори и надворешни врски
Статијата Јсп СКОПЈЕ е пример меѓу одбраните статии. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите одбрана статија. |