Џим Морисон
Од Википедија, слободна енциклопедија
-
- За други луѓе со името Џим или Џејмс Морисон видете Џејмс Морисон.
Џејмс „Џим“ Даглас Морисон (8 декември 1943 - 3 јули 1971) бил пејач, текстописец, писател и поет од САД. Роден бил во Мелбурн, Флорида, и бил водечки вокал и текстописец американската рок група The Doors, и важи за еден од најхаризматичните лидери во историјата на рок музиката, а и воопшто. За самата група кружи мислењето дека е една од највлијателните групи во поширока смисла, не само од музички аспект. Морисон е автор на неколку книги со поезија, документарни и кратки филмови и на музичките спотови за песните „The Unknown Soldier“ и „People are Strange“. Смрта на Морисон на 27-годишна возраст во Париз ги запрепастила неговите обожаватели ширум светот. Начинот на кој настанала смртта и тајниот погреб се предмет на разни шпекулации и заземаат голем удел во целата мистичност што и до ден денес се поврзува со неговото име.
[уреди] Надворешни врски
- Официјален веб-сајт на The Doors
- Најраниот филм на Џим Морисон
- Сеќавања на Мајкл МекКлур на неговиот пријател и колега поет Џим Морисон
- Мери Вербелоу зборува за Морисон во долго интервју на 25 септември, 2005 во весникот St. Petersburg Times
- Тивките денови на Џим Морисон во Париз
- Џим Морисон во Париз
- Гробот на Џим Морисон во Париз
- Посветено на Џим Морисон - Поезија
- Продавница Love Street