Radiohead
Од Википедија, слободна енциклопедија
Radiohead (Рејдиохед) е британски рок бенд од Оксфорд. Фановите и медиумите го сметаат Radiohead за еден од најзначајните рок бендови на сите времиња, природен наследник на R.E.M. и Pink Floyd. Бендот се состои од:
- Том Јорк: вокали, гитара, клавијатура
- Џони Гринвуд: главна гитара, клавијатура, електроника, и друго.
- Ед О’Брајан: гитара, вокали
- Колин Гринвуд: бас гитара
- Фил Селвеј: тапани, перкусија
Музиката на Radiohead евоулира постојано, така што бендот започнува како еден од легијата гранџ бендови во почетокот на ’90-те, но постепено го усложнува звукот додавајќи елементи од прогресивен рок, а кон крајот на деценијата речиси целосно се одделува кон електронска музика и џез. Како музички влијанија се спомнуваат бендови како Nirvana, Autechre и Мајл Дејвис. Во дополнение на музикалноста, Radiohead е бенд познат и по интелектуално двосмислените текстови што потсетуваат на делата на Џ.Г. Балард и нему сличните писатели.
[уреди] Студиски албуми
Индекс | Наслов | Датум | ВБ | САД | (приближен жанр) |
---|---|---|---|---|---|
1.
|
Pablo Honey | (22 февруари, 1993) | #22 | #32 | инди рок |
2.
|
The Bends | (13 март, 1995) | #4 | #88 | алтернативен рок |
3.
|
OK Computer | (16 јуни, 1997) | #1 | #21 | алтернативен прогресивен рок |
4.
|
Kid A | (2 октомври, 2000) | #1 | #1 | експериментален амбиент рок |
5.
|
Amnesiac | (4 јуни, 2001) | #1 | #2 | експериментален абстрактен рок/џез |
6.
|
Hail to the Thief | (9 јуни, 2003) | #1 | #3 | електро прогресивен рок |