Андреј Љапчев
Од Википедија, слободна енциклопедија
Андреј Љапчев (роден 1866 во Ресен, Отоманска Империја; починал 1933 во Софија, Бугарија) бил виден бугарски политичар и државник. Тој бил избран за премиер на Царството Бугарија во 1926 год. и на таа позиција останал до 1931 год. Тој потекнувал од влашко семејство кое се преселило од Мегленско во Ресен, во текот на 18 век.
Во историјата е запаметен по неговата политичка максима „Со кротце, со благо и со малце кютек“ (Полека, нежно и со малку ќотек).