Меглен
Од Википедија, слободна енциклопедија
Меглен (позната и под името Мегленија) е етно-географска област и котлина во северниот дел на Егејска Македонија, денес во составот на Грција, која на север се граничи со Република Македонија.
[уреди] Географија и местоположба
Котлината и областа Меглен се наоѓаат во северниот дел на Егејска Македонија, односно во среднишниот дел на етничка Македонија. На север се граничи со Република Македонија, односно со областите Тиквешија на север и Мариово на северо-запад. Кон запад, југ и исток е отворена кон поширокот регион на Егејска Македонија (денес Грција), односно на југ и југо-исток се граничи со пространото Солунско поле, на запад со Воденско, а на исток со дел од областа Бојмија.
Мегленската котлина е интересен тип на котлина со ниска надморска височина, оградена со високи планини од сите страни. Од север е оградена со планините Кожуф и Козјак, од запад со планината Ниџе, на југо-запад ја оградуваат огранките на Негушка Планина, а на исток е оградена со планината Пајак.
Низ плодното рамно Мегленско поле, протекува реката Мегленица, која протекува и низ Солунското поле, каде што преку канали дава вода за наводнување на обработливото земјиште, а таму се влева и во реката Бистрица, која пак се влева во Егејското Море. Во Мегленската котлина преовладува медитеранска клима, додека пак на планините континетална и планинска.