Арапска книжевност
Од Википедија, слободна енциклопедија
Историја на книжевноста |
---|
Арапска книжевност Грчка книжевност Египетска книжевност Индиска книжевност Јапонска книжевност Кинеска книжевност Персиска книжевност Римска книжевност Тамилска книжевност |
Арапската литература е најбогатата и најраспространетата семитска литература. Таа влијаела на писменоста на сите муслимански народи.
Арапската литература се дели на повеќе периоди во кои таа се здобивала со различни карактеристики.
Содржина |
[уреди] Предисламско време (околу 500-622)
Во предисламскиот период од развитокот на арапската литература се јавуваат само песни на номадите (наречени касиди) кои се пееле по утврден образец: се пеела и надополнувала една песна од седум различни автори (Имру ул-Кајс, Тарафа, Зухејр, Лебид, Антара, Амр ибн Кулсум и Харис ибн Хилиз), што се смета за класичен спев, а останатите нивни песни ги чинат т.н. дивани.
[уреди] Период на ширење на исламот и арапската држава (622-750)
Овој период во својот почеток значел уназадување во поезијата, па дури и најдобрите тогашни поети, како Ка'б ибн Зухејр и Хасан ибн Сабит, заостануваат зад оние од предисламскиот период. Меѓутоа, подоцна, за време на новата династија Умајада (661-750), три поети (Ахтал, Џерир и Фараздак) ги достигнуваат оние од предисламскиот период, а на нив е рамен и љубовниот поет Умар ибн Аби Раби'а.
Во овој период започнала и работата со лексикографија, филологија, историја и собирањето на старите песни, делумно поттикната со изучувањето на верските науки (толкување на Коранот, собирање на мухамедовите преданија, канонско право, теологија).
[уреди] Класичен период (750-1055)
Класичен период на арапската литература е оној во кој таа престанува да биде чисто национална и постанува збир од заедничката работа на сите исламски народи кои зборувале арапски јазик, па вклучува и многу Персијци, Турци, Бербери и други.
- Повеќе информации: Класичен арапски јазик
Класичниот период се дели на неколку класични векови.
[уреди] Прв класичен век (750-847)
Првиот класичен век ги дал главните верско-правни школи, две филолошки школи (во Басра и Куфа ), првите биографи и историчари, првите рационалистички теолози, нов правец во поезијата, големата антологија Химаса; потоа преводите на грчките дела (кои имале големо влијание), па математичари, астрономи, географи, философи и Џахиза, основач на арапската литературна проза.
[уреди] Втор класичен век (847-945)
Овој век се карактеризира со ортодоксна реакција и намалување на грчкото влијание. Сепак, во верската традиција се запазува напредок, бидејќи таа не се изучувала толку поради теологијата, а поради практичните (правни) потреби. Тогаш делувале познатите географи (Мас'уди, Истахри); патописци (Ибн Фадлан и Ибн Ја'куб); историчари (Балазури, Ја'куби и Табари) и Ибн Кутејба, познат како основач на багдадската филолошка школа, а бил и критичар, есеист и антолог. Други познати поети биле Бухтури, Ибн ал-Му'таз, Ибн Давуд и Рази.
[уреди] Трет класичен век (945-1055)
Овој век донесува децентрализација на литературата (Багдад не е повеќе единствен центар). Во Сирија се истакнале поетите Абу Фирас, Мутанаби и Абу'л-Фараџ Исфахани, философот Фараби, проповедникот Ибн Нубата. Во Ирак делувал историчарот Ибн Мискавејх и библиографот Надим, а таму настанала и Енциклопедија Чисти браќа. Во источните персиски земји работеле најголемите исламски научници Бируни и Ибн Сина, историчарот Са'алиби и првиот писател на маками - Хамадани. Фатимидите во Египет и Тунис им помагале на научниците, философите и книжевниците, но ортодоксијата подоцна ги уништила скоро сите дела обоени со фатимидска (исмаилска) ерес. Во тоа време (750-1091), Шпанија го дала антологот Ибн'Рабд Рабихија, поетите Ибн Зајдуна и Му'тамида, прозниот писател Ибн Хазма (чијашто книга за љубовта Голубовски ѓердан е преведена на повеќе европски јазици), и филологот Калија.
[уреди] Посткласичен период
Посткласичниот период од развитокот на арапската литература започнува со влезот на Селџуците во Багдад во 1055 година и трае до пропаста на багдадскиот калифат во 1258. Овој период претставува постепено намалување на литературната дејност, иако во многу земји сè уште имало писатели од вредност: во Ирак и Персија убавата литература ја застапуваат Харири и Тугра'и, географијата и биографијата ги застапувал Јакут, а теологијата големите автори (Газали, Замахшари, Рази и Шахристани). Во Египет и Сирија, кои по пропаста на Фатимидите (1171) се соединиле, процветало песништвото (Ибн 'Араби и Ибн ал Фарид), историографијата (Ибн ал Асир и Имадудин Исфахани), библиографијата (Ибн Халикан), а тогаш се појавила и првата арапска автобиографија на Усаме ибн Мункиз. На Сицилија (која тогаш била под арапска власт) се истакнале Ибн Хамдис како поет, Идриси како географ и Ибн Зафар како писател на некој вид есеи. Во Шпанија се појавил нов вид на песни во строфи и на народен јазик, т.н. зеџел (трубадурот Ибн Кузман). Во Шпанија живееле и познатиот патописец Ибн Џубејр и 4 мислители (Ибн Баџа, Ибн Туфејл, Ибн Рушд и Ибн Саб'ин), чија философија делумно делувала и на европската.
[уреди] Мамлучки период (1258-1800)
Тоа било време на непрестајно опаѓање, иако Египет по падот на Багдад и победата над Монголите и крстоносците постанал претставник на исламските цивилизации и (со Сирија) наследник на источната арапска литература.
Во првата половина на мамлучкиот период (до турското освојување во 1517), Египет и Сирија го имале само Бусирија како познат поет, Макризија и Ибн 'Арабшаха како историчари и уште неколку научници, како Димишки, Сујути и други, но го дале конечниот облик на 1001 ноќ и некои популарни романи (за 'Антари, пустинскиот јунак и поет; за султанот Бајбарс од крстоносните војни). За тоа време, Шпанија и Северозападна Африка го дале прочуениот патописец Ибн Батуту, одличниот историчар и социолог Ибн Халдуна, а во убавата литература само Ибн ал-Хатиба.
Во втората половина на мамлучкиот период (1517-1800) сè е во знакот на потполен застој. Во вој период имало само неколку важни писатели (литературниот историчар Маккари, библиографот Хаџи Халифа и филологот Муртеда), но со ширењето на исламот настанале и некои дела на арапски дури и во Индија, на Малајскиот Архипелаг итн.
[уреди] Ново време
За новото време во арапската литература се смета дека трае од наполеоновиот поход на Египет, по што таа доаѓа во контакт со европската и го опфаќа целиот XIX век.
[уреди] Современ период
Современиот период на оваа литература се јавува во втората половина на XIX век, кога настануваат многу преводи од европските јазици. Арапите постепено се прилагодуваат на новите прилики и се појавуваат нови оригинални историски романи (од Зајдан Џирџиј) и арапски трагедии (од Неџиб ал-Хадада), а многу напредува и журналистиката, која воедно и развива вкус за читање на литературните дела. Во XX век има многу обиди за новели, но нивните прави основачи - браќата Мухамед и Махмуд Тајмур се изразени реалисти. Мухамед (кој умрел 1921) оставил 2 комедии, 1 драма и 1 опера. Поезијата во овој период најмногу се потпира на традицијата на минатото, но и во тој најконзервативен литературен род се запазува и француското влијание и кај најмодерниот поет Ахмед Шавкиј. Значаен е бројот на литературни историчари и критичари, а со најголем успех работи Таха Хусејн, кој напишал повеќе романи и патописи.