Бранимир Штулиќ - Џони
Од Википедија, слободна енциклопедија
Бранимир "Џони" Штулиќ | ||
---|---|---|
Основни информации | ||
Родено име | Бранимир Штулиќ | |
Познат(а) и како | Џони | |
Роден(а) | 11 април 1953 Скопје, Република Македонија, СФР Југославија |
|
Потекло | Загреб, Хрватска, СФР Југославија | |
Жанр(ови) | Рок, Фолк рок, Фолк Алтернативен рок |
|
Инструмент(и) | вокал, гитара | |
Години активност | 1977—1991, 1998 | |
Прод. куќа/ќи | Југотон | |
Други групи и точки |
Азра |
Бранимир Штулиќ Џони, хрватски рок-музичар, роден на 11 април 1953 во Скопје. Представник на таканаречениот Нов Бран на југословенската рок музика од периодот на залезот на 1970-тите и 1980-тите години на 20-от век. Основач, духовен лидер, пејач и фронтмен на групата Азра. Овој исклучително харизматичен човек има извршено енормно влијание на цела генерација луѓе кои израснаа со неговите ноти и стихови. Од почетокот на 1990-те години се сели во Утрехт, Холандија, каде живее повлечен живот до ден денешен, и не се занимава со ништо на професионален план, и останува глув на разните повици да се врати на Балканот и во рок музиката. И покрај едноиполдецениската неактивност неговото музичко влијание е сѐ уште огромно, дури и кај младите луѓе кои израснаа по распадот на заедничката држава. Во негова чест се одржуваат рок-настани под име Tribute to Azra. Познат е како единствен музичар на балканските простори кој објавил тројни и четворни албуми. На почетокот на 1980-тите години сам си нанесе најголема штета со хиперпродукција - за само три години издаде еден обичен, два дупли и еден троен албум, вкупно 8 плочи. И покрај впечатливиот музички израз, за негова најсилна доблест се сметаат стиховите. Своевиден куриозитет кој недвосмислено ја потврдува неговата големина, е правењето бисти со неговиот лик:ниту еден друг музичар, ниту уметник воопшто, не дочекал соработниците и обожавателите да му прават (ненарачани) бисти за време на животот. Неговиот култ опстојува сам од себе - култот на неговата личност сѐ уште живее, и покрај дводецениската неактивност, и покрај тоа што нема организација која би се грижела за одржување на култниот статус. Емигрантските години во Холандија ги поминува во рекреативно играње мал фудбал, и има освоено повеќе први, втори и трети места на турнири, со различни состави на соиграчи.
[уреди] Надворешни врски
- Една од хрватските веб страни посветена на Азра и Џони. ((hr)) ((sr))
- Една од српските веб страни посветена на Азра и Џони. ((hr)) ((sr))
- Уште една од веб страниците посветени на Азра и Џони. ((hr)) ((sr))