ON AMAZON:



https://www.amazon.com/Voice-Desert-Valerio-Stefano-ebook/dp/B0CJLZ2QY5/



https://www.amazon.it/dp/B0CT9YL557

We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Виетнамска војна - Википедија

Виетнамска војна

Од Википедија, слободна енциклопедија

Виетнамската војна или Втората индокинеска војна беше војна помеѓу Северен Виетнам и Јужен Виетнам, поддржан од САД, во периодот од 1965 до 1973 година.

Според многу теретичари, позадината на Виетнамската војна е директно детерминирана од француското влијание во регионот (долго време југоисточниот дел на Азија е нарекуван Француска Индокина), како и од новонастанатата поделба во повеќе аспекти, која резултираше со формирање два реона на контрола: Северен и Јужен Виетнам, во кој беа распоредени Ослобителната Армија и Англо – Француските трупи, соодветно. Оваа делба се случи по капитулацијата на Јапонија, чии трупи на Северот се предадоа на Кинеските трупи, а на југ, на Французите и Британците. Сепак, постоеше и друга основа за поделба на Виетнам, пред се` поради големите етнички, политички и социјални раслојувања, како и диференцирањето на едно малцинство во Југот, кое водено од материјални интереси беше про – западно ориентирано, и дејствуваше како продолжена рака на колонизаторите.

Вмешувањето на САД во целата ситуација е директно поврзано со Рузвелтовите ставови дека Франција е нивниот сојузник од витален карактер во Европа. Шарл Де Гол и останатите проекспанзионистички настроени француски фигури, пак, не сакаа да се откажат од териториите во Индокина, и наоѓајќи се во за нив исклучително неповолна ситуација, решија да ги повикаат нивните сојузници на помош. Сепак, тоа не беше обичен повик за помош, туку „повеќекратно предупредување дека без поддршка од САД во Индокина, тие не би можеле да ги помагаат американските трупи во Европа, што државниот секретар Дин Ејксон го опишал како ’уцена’ “.

Надворешната политика на САД пак, беше под големо влијание на Кенановата теорија за задржување на СССР (Џорџ Кенан (1904-2005), еден од клучните американски фигури во Студената Војна), како и домино теоријата, а дополнителен притисок створи и кампањата на сенаторот Мекарти, така што целиот овој маневар на вклучување во Индокинеските конфликти беше во духот на поствоената американска надворешно-политичка идеја. Впрочем, Мекарти и неговити сојузници успеаа да се наметнат и меѓу демократите и го натераа Труман да преземе „соодветни мерки против злото на комунизмот“ во Виетнам и Кореја. Впрочем, успеа да се создаде една грижа на совеста како САД биле претерано попустливи према Русите, и дека „ја продале“ Полска на конференцијата во Јалта, 1945 година.

Во меѓувреме, Виетнам се соочуваше со многу тешка ситуација. Поради јапонската сурова окупација и лошите климатски услови кон крајот на 1945, населението се соочи со изгладнување до смрт. Се споменува бројка од 2 милиона жртви. Кинеските националисти на север и колонизаторите на југ, значително ја влошија социјалната состојба, а многу луѓе беа бескрупулозно убиени поради политички причини. Во целата таа состојба, се појави комунистичкото движење Виет Мин на чело со Хо Ши Мин, кое најпрвин го симна од тронот императорот Бао Даи, и извојува независност на северниот дел од државата во 1946 година,и на 2 септември ја прогласи Демократската Република Виетнам со главен град Ханој.

Во 1948 Французите ја отпочнаа таканаречената Прва Индокинеска војна, која беше последниот обид за задржување на власта над Виетнам. Таа траеше до 1954, кога Франција конечно беше поразена и протерана од регионот.

Новиот американски претседател Ајзенхауер ја прифати Трумановата нацрт – политика за Виетнам, а војната на Франција за зачувување на колонијалниот поредок вешто ја преименува во анти – комунистичка војна. По неговата победа на изборите во 1953 го стимулираше американското сојузништво на страна на Франција во Војната, меѓутоа, на крајот и САД излегоа како поразени.

Веднаш по поразот, беше формиран Пактот Манила (СЕАТО - Southeast Asia Treaty Organization – во која членуваа САД, Британија, Франција, Австралија, Нов Зеланд, Пакистан, Тајланд и Филипините) кој на својата агенда имаше само една цел – борба против комунизмот. Но, овој пакт беше повеќе дипломатски основан, отколку што претставуваше воен сојуз.

Во истата таа 1954 беше одржана и Женевската Конференција, на која се одлучи Виетнам да остане поделен – на север да се зачува ДРВ на чело со Хо Ши Мин, а на југот, да се создаде Република Виетнам, да се симне императорот Бао Даи (кој од историчарите ја има добиено титулата „пион“), а да се постави проамерикански претседател – Нго Дин Дием (припадник на католичкото малцинство). Тој, не ги исполни зацртаните планови од Женева, а за тоа имаше алиби бидејќи не беше потписник. Ветените избори кои требаше да се одржат во 1956, никогаш не се случија.

Населението на Југот беше незадоволно од новиот режим. Затоа, идеологијата на Виет Мин најде одлична подлога за своја експанзија. Хо Ши Мин и неговата влада отворено ги поддржаа активистите на Ослободителниот Фронт. Ханој многу вешто ги искористи свежо неутралните Лаос и Камбоџа за воспоставување коридори преку кои праќаа ресурси за поттикнување на револуција. Сепак, до 1962 успехот беше на страната на Нго Дин Дием, пред се` поради огромната поддршка од страна на САД, иако многу територии вон Сајгон воопшто не беа под негова контрола.

Сепак, во 1963, се случува првата поголема офанзива од страна на Фронтот, која е позната како Битката на Ап Бак. Тука Виетконговците победуваат, а од овој миг се смета дека е започната Втората Индокинеска, т.е. големата Американско – Виетнамска Војна.

По овој пораз, претседателот Кенеди, кој беше голем скептик во поглед на компетенцијата на Дием да го води Јужен Виетнам во анти-комунистичката војна, заговара негов атентат и решава да преземе порадикални мерки во битките со Виетконговците. Во истиот дух продолжи и политиката под Линдон Џонсон.

Во целата криза во Индокина, многу важно е што немаше никаква објава на војна ниту од американска ниту од страната на Фронтот. Впрочем, целата војна се одвиваше преку акциите на американските специјални единици (командосите) и герилските единици на Виетконговците. Впрочем, тоа беше стратешка одлука на САД, бидејќи во Конгресот владееше голем страв од можната реакција на СССР и воопшто, Варшавскиот Пакт, а притоа сеќавањата од Втората Светска Војна беа сеуште свежи. Затоа и не се презедоа некои поголеми офанзиви, иако во тој период барем теоретски, Американците беа значително надмоќни во однос на Виетконговците.

Содржина

[уреди] Инцидентот во Тонкинскиот Залив и ескалацијата на воените судири

На 31.07.1964, американскиот воен брод Maddox беше пратен во незначителна мисија во Тонкинскиот залив, кој инаку тогаш е Северновиетнамска територија. Шпекулациите беа, дека целта на овој, уште еден нелогичен потег на Линдон Џонсон е да испровоцира реакција на Северен Виетнам, и притоа да добие легитимен повод за интеревенција од поголеми размери. Бродот беше нападнат, но возврати на нападот. Притоа штета нанесена на Виетнамците беше многу поголема од онаа на моќниот американски destroyer.

На 3.08, следеше диверзантски напад од страна на Јужен Виетнам во сојуз со американските трупи. Следниот ден, Медоксот и уште еден воен брод беа пратени повторно на мисија во Северно-виетнамските мориња, меѓутоа овој пат безуспешно. Сепак, на 7.08.1964, беше усвоена Резолуцијата на Тонкинскиот Залив, а потоа претседателот Линдон Џонсон и` се обрати на нацијата, ословувајќи ја новонастанатата ситуација во Виетнам како „предизвик од исто значење на кој мора да му се пристапи со истата храброст и цврстина како во Грција и Турција, Берлин и Кореја, Либан и Куба“ .

На 28.11 истата година, Националниот Совет за Безбедност го усвои планот за бомбардирање на Виетнам, во 2 фази.

Во меѓувреме, САД го формираа и АЗНУС пактот со Нов Зеланд и Австралија, па така, во Виетнам, најголемиот процент на неамерикански војници беа регрутите од овие две држави.

Со тоа, во средината на седмата декада на минатиот век, уште една голема војна беше отпочната. На агендата на САД беа повеќе воени операции, додека Виетконговците немаа намера да се откажат од крајната цел – извојување на слободен и обединет Виетнам.

[уреди] Операцијата Rolling Thunder

Ролинг Тандер беше првата поголема и подолготрајна бомбашка операција¹ на САД во Виетнам. Главните цели кои беа константно бомбардирани од 19651968 беа упориштата на Виет Мин, коридорите преку кои герилата беше снабдувана со ресурси и индустриските објекти во Северен Виетнам. Оваа операција е најголемото бомбашко насилство демонстрирано во историјата на човештвото. САД во периодот од 35 месеци фрлија 900.000 тони бомби, повеќе од севкупната сума на бомби што беше фрлена през Втората Светска Војна. Сепак, голем број бомбардери беа соборени, поради тоа што постоеше забрана за бомбардирање на цивилни цели, а Виетконговците своите противавионски топови ги имаа сместено на покривите на училиштата и болниците.

Конечно, во март 1968, под големо влијание на државниот секретар за одбрана Роберт МекНамара, операцијата беше прекината, и започнаа преговорите со Северот, што беше една од целите кои Американците сакаа да ги постигнат.

Во меѓувреме, во летото 1965 по уништувањето на еден и соборувањето на уште три авиони, Линдон Џонсон нареди засилување на 75 илјадната американска војска со уште 50.000 луѓе.

[уреди] Операцијата Starlite

Операцијата Старлајт беше првата поголема операција, спроведена исклучиво од американските трупи во Виетнам. Имено, на 21 август 1965, 5.500 маринци со поддршка од авијацијата ја нападнаа и уништија базата на Фронтот близу Ван Туонг. Притоа, американските власти тврдеа дека во брзата и одлучна акција убиле 700 Виетконговци, а тие загубиле 45 војници. Тоа воедно беше и последната отворена битка во целата војна.

[уреди] САД планира да ја преземе иницијативата

До крајот на 1965, Пентагон изготви план за вршење на голема офанзива во Виетнам, и конечно преземења на иницијативата од герилците. Сепак, за остварување на тие планови, потребно беше огромно засилување на трупите во Виетнам, т.е. од бројката на 120.000 војници во ноември 1965 да се дојде до број околу 429.000 во август 1966.

Со новата бројна состојба, американските генерали сега имаа можност за преземање на посериозни чекори во поглед на совладување на герилата во Јужен Виетнам. Така, во неколку важни операции, Американците до средината на 1967 успеаа делумно да го разбијат непријателот на „своја“ територија, иако наидоа на слаб feedback од страна на месното население и Јужновиетнамската Армија. Сепак, успешноста на овие операции беше доведена под знак прашалник поради тоа што ситуацијат во Виетнам во ниеден сегмент не беше променета. Во прилог на тоа дојде и изненадувачката изјава на државниот секретар Дин Раск кој рече дека „неизбежно е Конгресот да понуди мир заради големиот отпор на Северен Виетнам“.

Потоа, претседателот Џонсон свика таен состанок со најважните политички личности во САД на кој се дискутирало за Виетнамската ситуација. Сепак, претседателот во ноември изјави дека „војната ќе продолжи, бидејќи нивните загуби се поголеми од нашите (заб. американските) “. Неколку дена подоцна, од Виетнам се јави и генералот Вестморленд кој рече дека „ако во 1965 непријателот победуваше, денес сигурно губи“.

Значаен момент, особено така третиран од американските медиуми беше Битката кај Ке Сан, односно нападот на Северновиетнамската воена база, каде што самоуверената војска на Северен Виетнам поддржана од герилата претрпе неверојатни загуби (станува збор за 9.000 жртви). Во оваа битка, сепак, клучни беа бомбашките операции, каде беа употребени бомбардерите од типот Б52, кои до денес се едни од најмоќните американски оружја. Сепак, и покрај тоа што американските бар во бројки трупи ги совладаа виетконговските, тие не успеаа да се пробијат понатаму, прес поради тоа што беа опколени со џунгла, а месноста Ке Сан беше вистинско упориште на Виетконговци (герилата), со неверојатно силна дефанзивна структура, и двојно побројна војска од американската. Впрочем, оваа битка беше една од најважните, затоа што се работеше за коридорот „Хо Ши Мин“, кој од тука тргнуваше кон Лаос (Ке Сан е на 10 километри од границата со Лаос).

[уреди] Офанзивата Тет

Офанзивата Тет е заедничко име за повеќе жестоки битки во јануари 1968.

Според Вилијам Вестморленд, во јануари 1968, по „добиената“ битка кај Ке Сан, „светлината се гледала на крајот на тунелот, и не би требало да има пречки во дефинитивното триумфирање на САД во веќе предолгата војна“. Како голем шок за него и за целата јавност, дојдоа нападите за време на примирјето Тет, при што Северновиетнамската армија и герилата ги нападнаа сите поголеми градови во Јужен Виетнам. Офанзивата беше на повеќе места веднаш задржана, освен во Сајгон каде што цели три дена се водеа крвави битки. Градот Хуе пак, беше под власт на Северен Виетнам цел месец, и за тоа време, комунистите се стекнаа со многу лоша репутација поради масакрите врз цивилното население, кое било проамерикански ориентирано. По 4 недели, сепак, градот беше ослободен.

Иако со овие офанзиви не се промени ништо стратешки, сепак, бројот 21.000 загинати американци беше шокантен за јавноста во САД и за прв пат се јавија отворени критики и барања да се престане со „апсурдната војна“.

По оваа офанзива, генералот Вестморленд беше симнат од неговата позиција, а на негово место дојде заменикот Крејтон Абрамс, кој водеше малку поинаква политика, првенствено во односите кон јавноста која веќе ја имаше изгубено довербата во Армијата на САД.

[уреди] САД ја губи довербата меѓу сопствените граѓани

Додека во Виетнам константно се водеа битки, во САД јавното мислење се повеќе се заоструваше кон претседателот Џонсон. Така, на 1 декември 1969 во САД за првпат по Втората Светска Војна се изврши лотарија за регрутирање на војници, за која имаше силни приговори и шпекулации дека е нерегуларна (имено, во еден барабан со бројчиња од 1 до 366 кои ги симболизираа деновите во годината, беше извлечен бројот 258, што значеше дека сите сите способни мажи родени на 14 септември, одат за Виетнам). Голем замав зема опозициското движење, а дури и вратени војници од Виетнам формираа организација за прекин на војувањата - таканареченото Здружение на Виетнамските Ветерани, чив истакнат член беше Џон Кери, противкандидат на Џорџ В. Буш на последните претседателски избори во САД. Овој период е исто така во знакот на хипи движењето, а протестите против војната во Виетнам станаа мејнстрим.

Сепак, најголемиот шок за американската јавност се случи по доаѓањето на Никсон на власт. Имено, во почетокот на 1971, од Пентагон се „истечени“ документи кои се воделе како воена тајна, а ги опфаќале сите детали околу Американско – Виетнамските односи од 19451970. Особено компромитиран од нив излезе Линдон Џонсон, сега веќе поранешен претседател, бидејќи тие документи зборуваа за сите тајни диверзантски операции, за сите масакри на американската војска и сите ниски удари кои ги презеле, наспроти изјавите на Џонсон дека се залагал за прекинување на судирите и наоѓање мирно решение. Во јуни истата година, NY Times започнува да ги објавува документите . Понатаму, овој скандал е основа за целата афера Вотергејт, која за Никсон заврши неславно – по макотрпни судења, сведочења и шпекулирања, тој на 9 август 1974 поднесе оставка.

[уреди] Пацифизација на политиката на САД и конечна завршница

Независно од скандалите во неговата политичка кариера, претседателот Никсон се смета за миротворецот во Виетнамската војна. Имено, уште во првиот период од доаѓањето на власт, тој ја објавува „Никсоновата доктрина“, според која САД ќе ја „виетнамизираат“ војната, односно ќе се трудат да ја обучат Јужновиетнамската армија сама да се бори против комунистите, а тие, постепено ќе се повлечат од регионот. За понатаму, тој предвидува преориентирање кон економската наместо воената поддршка за сојузниците. Истата оваа доктрина е унифицирана за речиси секоја интервенција на САД по Виетнам до средината на 1990-тите.

Исто така, војската за време на Никсон, ја објективизира целата ситуација, изнесувајќи тези во јавноста дека бројот на телата не е мерило за успехот. Исто така, беше обелоденет масакрот кај Ми Лаи, кој предизвика бурни реакции во светската јавност, а новинарот кој ја објави сторијата, доби Пулицерова награда . Полковникот Вилијам Кели кој го нареди целиот масакр, подоцна на воен суд доби доживотна казна затвор, но беше помилуван од Никсон.

Во меѓувреме, се случи и подемот на Кмер Рауџ во Камбоџа, кои соработуваа со Виетконговците и ги напаѓаа Јужновиетнамските трупи. САД се вмеша и во овој инцидент, бранејќи ги своите интереси, но по големиот отпор дома, мораа да се повлечат.

Понатамошната политика на САД кон војната беше да се повлече еден дел од трупите, да се спроведе бар фиткивен мир и да се избегнат натамошни загуби. Во меѓувреме, во октомври 1970 се случија огромни поплави, што уште толку ја отежна ситуацијата, па така неколку месеци состојбата стагнираше. До тогаш, околу 40.000 војници се имаа вратено дома.

Во февруари 1971, Јужновиетнамската армија го нападна Лаос. Овој пат, САД во поддршката беа поумерени – испратија само авијација и бродови. По 6 месеци, Австралија и Нов Зеланд решија да го раскинат АНЗУС пактот и ги повлекоа своите трупи. Никсон постави нови рокови за повлекување, и во пролетта 1972, САД имаа 130.000 војници во Виетнам, најмалку од 1966.

На изборите во 1972, во САД, главните кандидати, актуелниот претседател Никсон и пацифистот Џорџ МекГаверн, во агендите како клучна точка го имаа завршетокот на воените дејствија во Индокина. Никсон, и покрај скандалите, успеа да победи, пред се` поради мудроста на Кисинџер, кој на ден пред изборите изјави дека веќе е подготвено примирјето. Тоа сепак беше потпишано по речиси една година. Сепак, на 30 неомври 1972, САД се сведоа на бројката од 27.000 војници во Индокина, со што практично немаше дилема за понатамошниот исход. Иако продолжија со жестоки бомбардирања и командоски акции, сепак, голема беше опасноста од кинеска интервенција доколку продолжеа во исто темпо и го пролонгираа мирот.

[уреди] Парискиот мировен договор и расплетот во Виетнам

Мировната конференција во Париз се одржа во почетокот на 1973, а конечниот договор за крај на војната беше потпишан на 27 јануари. Оваа конференција беше планирана уште од Линдон Џонсон во 1968 година, но не се одржа порано бидејќи не можело да се постигне консензус со комунистите од Северен Виетнам.

Ако се суди според исходот од овој договор, Јужен Виетнам, а со тоа и САД, имаа претрпено огромен пораз. Имено, со актот, се потврди одлуката од Женевската Конференција од 1954, според која Виетнам треба да остане привремено поделен на 2 дела, но да фигурира како унитарна, независна и суверена држава. САД беа обврзани да ги повлечат трупите, Јужен Виетнам мораше да дозволи формирање на Северновиетнамско дипломатско претставништво во Сајгон и да не ја прогонува Виетконговската герила од своите територии, додека Северен Виетнам остана без никакви облигации.

По ова, Северновиетнамската армија и герилците беа непречени во своите освојувања на Југот, а имаа и поддршка од значителен дел од месното население. Сајгон падна конечно на 30 април 1970 година, во рок од 18 часа, но притоа загинаа 2.000 жители. Следниот ден градот беше преименуван во Хо Ши Мин, а 30 април од тогаш е национален празник – Ден на независноста и ден на обединувањето.

По 29 години, крвопролевањето во Индокина заврши.

[уреди] Заклучок

Втората Индокинеска Војна, попозната како Виетнамската Војна (на САД), е можеби најапсурдниот настан во современата човекова историја. Виетнамскиот народ пак, претрпе колосални загуби, повеќе од 5.000.000 жртви, меѓу кои 4 милиони беа цивили, а материјалните загуби се рефлектираат и до денес. На другата страна, под маската на заштита од комунизмот, во џунглите во Индокина загинаа 60.000 Американци, 150.000 илјади останаа повредени, а околу 50.000 од вратените извршија самоубиства (познато како Виетнамски синдром).

Некои конспиративци шпекулираат дека целата оваа војна се водеше само од економскиот интерес.

Но, целата фама околу регрутирањето (oд Виетнам наваму, укината е институцијата регрутирање и американсктата војска функционира само со доброволни платеници), протестите околу масакрите и аферите потоа, само придонесоа за формирање на стереотипот кај светската јавност дека САД се новата империјалистичка сила која е подготвена да жртвува и сопствени ресурси само за да ги оствари своите интереси. Основан е натамошниот страв на СССР од нуклеарни напади, а паранојата на американските претседатели само ја поткопува Студената Војна и ја зацрврстува Железната завеса.

[уреди] Надворешни линкови

  • VietnamWar.com [1]
  • Asian-Nation: The Viet Nam/American War [2]
  • A Vietnam Veterans Site [3]

[уреди] Забелешки

1 - Првата бомбашка операција е Pierce Arrow. Тоа е всушност погоре споменатото спроведување на Резолуцијата за Заливот Тонкин во 1964, каде што беа лансирани проектили од воените бродови. На 12 февруари 1965 се случи и Flaming Dart операцијата, во која за половина час, американските авиони бомбардери фрлија повеќе од 25 тона експлозив врз Северновиетнамски цели

Static Wikipedia 2008 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2006 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Sub-domains

CDRoms - Magnatune - Librivox - Liber Liber - Encyclopaedia Britannica - Project Gutenberg - Wikipedia 2008 - Wikipedia 2007 - Wikipedia 2006 -

Other Domains

https://www.classicistranieri.it - https://www.ebooksgratis.com - https://www.gutenbergaustralia.com - https://www.englishwikipedia.com - https://www.wikipediazim.com - https://www.wikisourcezim.com - https://www.projectgutenberg.net - https://www.projectgutenberg.es - https://www.radioascolto.com - https://www.debitoformtivo.it - https://www.wikipediaforschools.org - https://www.projectgutenbergzim.com