Владо Черноземски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Владо Георгиев Черноземски е роден на 19 октомври 1897 во село Каменица, денес кварт на бугарскиот град Велинград. Тој завршил само трет клас во селето.Во 1922 г. станува член на ВМРО под името Владо Димитров Черноземски. Како член на ВМРО, влегувал во Македонија со чети и учествувал во борби повеќе од 15 пати. По карактер бил познат како ладнокрвен и бестрашен но и како еден од најдобрите стрелци во организацијата. Како еден од најподготвените личности му се даваат голем број на задачи кои ги извршувал за организацијата, меѓу кои е и ликвидацијата на Димо Хаџи Димов.
На 9 октомври 1934 во Марсеј го врши атентатот врз кралот на Југославија, Александар Караѓорѓевиќ, и врз министерот Луј Барту. Черноземски е ранет од полицијата и за кратко време умира. Закопан е под непознати околности и на погребот присуствувале само двајца детективи и гробари. Местото каде што е закопан Владо Черноземски и ден денес не е откриено.