19 октомври
Од Википедија, слободна енциклопедија
Шаблон:Октомври 2008 19 октомври е 292-иот ден во годината според григоријанскиот календар (293-и во престапна година). Остануваат 73 денови до крајот на годината.
Настани:
1935 | Лигата на народите изгласа санкции против фашистичка Италија поради нападот врз Етиопија. |
1944 | Втора Светска војна: трупите на САД се истоварија на Филипинските острови. Филипини целосни се ослободени од јапонската окупација во мај 1945 година. По завршувањето на војната, на 4.07.1946 година е прогласена независна Република Филипини. |
1994 | Рускиот премиер Виктор Черномирдин поднел писмо до претседателот Борис Елцин, во кое побарал да биде ослободен од должноста поради нарушено здравје. |
2002 | Во Тетово е убиен 18-годишниот Ванчо Јосифовски. |
2003 | Папата Јован Павле Втори со свечената процесија што се одржа на плоштадот Свети Петар во Рим, ја беатифицира, односно прогласи за блажена Мајка Тереза, што е последен чин пред нејзиното прогласување за светица. |
Родени:
1735 | Џон Адамс, втор по ред претседател на САД (1797 - 1801). |
1924 | д-р Владимир Брезовски, истакнат македонски историчар. |
Починале:
1745 | Џонатан Свифт, најголем англиски сатиричар, еден од најостроумните критичари на човековата природа и на општествените процеси. |
2003 | Алија Изетбеговиќ, поранешен претседател на Босна и Херцеговина. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |