Габалавци
Од Википедија, слободна енциклопедија
Габалавци (на некои места се среќава и како Габалевци) е село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Села во Република Македонија | |
---|---|
Габалавци (Република Македонија)
|
|
Општина: | Општина Битола |
Население: | 114 жители (2002 г.) |
Поштенски број: | |
Повикувачки број: | |
Надморска височина: | 660 м. |
Географска широчина: | 41° 8' 3N |
Географска должина: | 21° 14' 27E |
Веб страница: |
Содржина |
[уреди] Географиja и местоположба
Габалавци е село во северниот дел на Општина Битола (до 2004 беше во составот Општина Кукуречани). Од градот Битола е оддалечено 19 километри, а од спомнатиот пат 3,3 километри. Селото се наоѓа лево од патот Битола - Демир Хисар, а на десната страна на реката Шемница. Се работи за ридско село кое се наоѓа на надморска височина од 660 метри. Атарот на селото е мал - само 5,7 квадратни километри.
[уреди] Историja
Во периодот од 16 до 19 ноември 1912 година, Габалавци било зафатено од воените дејства за време на Битолската битка за време на Првата балканска војна. Во селото била стационирана турска артилерија која успешно била неутрализирана од српската војска.
[уреди] Економија
Населението се занимава најмногу со полјоделство (одгледување жито и познатата кукуречанска пиперка). Обработливото земјиште зафаќа 349,3 хектари, пасиштата зафаќаат 291,3 хектари, додека само 8,7 хектари се шуми.
[уреди] Демографија
Габалавци е мало село и во 1961 година бројот на жители изнесувал 286. Во 1994 година бројот се намалил на 146, сите Македонци. Според пописот од 2002 година, Габалавци има 114 жители, сите Македонци.
[уреди] Општествени институции
[уреди] Администрација и политика
[уреди] Културни и природни знаменитости
[уреди] Редовни настани
[уреди] Личности
[уреди] Култура и спорт
Во селото работи основно училиште до IV одделение и има продавница.
[уреди] Иселеништво
[уреди] Надворешни врски
[уреди] Литература
Панов, Митко: Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Патрија, Скопје, 1998, 64 стр.