1994
Од Википедија, слободна енциклопедија
< 19 век | 20 век | 21 век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1994 (MCMXCIV) е непрестапна година што започнала во сабота и е прогласена за „Меѓународна година на фамилијата“ и „Меѓународна година на спортот и олимпискиот идеал“.
[уреди] Настани
- 1 јануари – Стапува на сила Северно-американскиот договор за слободна трговија.
- 1 јануари – Запатистичката армија за национално ослободување ја започнува својата војна во Чијапас, Мексико.
- 5 февруари – Врз сараевскиот пазар Маркале е испалена граната при што загинаа 68 лица.
- 12 февруари – Отворени се Зимските олимписки игри во Лилехамер, Норвешка.
- 16 февруари - Грција воведува целосна економска блокада врз Република Македонија.
- 28 февруари - Авиони на НАТО алијансата соборија 4 авиони на босанските Срби над централна Босна, заради навлегување во зоната на забрането летање, со што за прв пат директно се вмешаа во Босанскиот конфликт.
- 6 март – На референдум во Молдавија гласачите го отфрлија евентуалното обединување со Романија.
- 15 март – Американските трупи се повлекоа од Сомалија.
- 18 март – Во Вашингтон е потпишан договор за воспоставување муслиманско-хрватска федерација во Босна и Херцеговина.
- 21 март - Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон постојаниот комитет за информирање за индустриска сопственост на Светската организација за интелектуална сопственост.
- 6 април – Руандскиот претседател Жувенал Хабјаримана и бурундскиот претседател Сиприен Нтарјамира загинуваат по соборувањето на нивниот авион близу Кигали, Руанда. Овој напад го поттикна Руандскиот геноцид.
- 16 април – Гласачите во Финска на референдум го поддржаа зачленувањето на Финска во Европската Унија.
- 27 април – Во Јужноафриканската Република се одржаа првите повеќерасни избори.
- 1 мај - Во трката за Големата награда на Сан Марино, загина Аиртон Сена, еден од најголемите автомобилисти на сите времиња.
- 10 мај – Нелсон Мандела е инаугуриран како прв црнечки претседател на Јужноафриканската Република.
- 12 мај - Со руско посредство, склучено е примирје со што е прекината ерменско - азербејџанската војна во Нагорно-Карабах.
- 17 мај - Во Малави се одржуваат првите повеќепартиски избори.
- 15 јуни – Израел и Ватикан воспоставија целосни дипломатски односи.
- 25 јули – Израел и Јордан го потпишуваат Израелско-јорданскиот мировен договор со кој формално завршува воената состојба помеѓу двете држави од 1948 година.
- 17 јули - Бразил ја победи Италија 3:2 на пенали на Светското првенство во фудбал по 0:0 завршено регуларно време.
- 16 октомври - Се одржува првиот круг на Претседателските и Парламентарните избори во Република Македонија. Киро Глигоров е повторно избран за Претседател на Република Македонија, со освоени 52,4% од гласовите. ВМРО ДПМНЕ не ги прифати резултатите од изборите.
- 20 октомври - Амбасадорот на Република Македонија во Руската федерација, Гане Тодоровски, му ги предаде акредитивите на претседателот Борис Елцин.
- 30 октомври - Се одржува вториот круг на Парламентарните избори во Република Македонија. Коалицијата Сојуз за Македонија, предводена од СДСМ, оствари уверлива победа. ВМРО ДПМНЕ не ги прифати резултатите од изборите и се откажа од учество во работата на Парламентот.
- 13 ноември - Гласачите во Шведска на референдум го поддржаа зачленувањето на Шведска во Европската Унија.
- 15 ноември - Објавени официјалните резултати од пописот, кои покажаа дека во Република Македонија има 1.936.877 жители.
- 28 ноември - Гласачите во Норвешка на референдум го отфрлаат зачленувањето на нивната земја во Европската Унија.
- 11 декември – Руските трупи навлегуваат во Чеченија со што започнува Првата чеченска војна.
[уреди] Родени
[уреди] Починале
- 9 март - Хенри Чарлс Буковски, американски поет и писател
- 28 март – Ежен Јонеско, француски и романски писател
- околу 5 април – Курт Кобејн, американски музичар
- 22 април – Ричард Никсон, американски претседател
- 1 мај – Аиртон Сена, бразилски автомобилист
- 29 мај – Ерих Хонекер, источно-германски лидер
- 8 јули – Ким Ил Сунг, северно-корејски диктатор
- 17 септември – Карл Попер, австриски и британски филозоф
- 20 октомври – Берт Ланкастер, американски актер
Видете исто: