Градиште - Будинарци (археолошки локалитет)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Археолошки локалитети во Република Македонија |
|
---|---|
Градиште
(Република Македонија) |
|
Име | Градиште |
Место | Будинарци |
Период | римско време |
Тип |
|
Археолошкиот локалитет Градиште, градиште од римското време. На еден километар западно од селото се наоѓа висок рид, од три страни опкружен со коритото на Брегалница, на чие зарамнето плато се гледаат остатоци од добро утврдена населба, со бедем кој опкружувал простор од 400 x 50 m. Градиштето е поделено на три целости со напречни бедеми со што била обезбедена максимална заштита. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал. Според кажувањата на жителите, биле најдени и повеќе монети.
[уреди] Литература
- Археолошка карта на Република Македонија, Том 2, 1996, издание на МАНУ, Скопје, Македонија.
[уреди] Надворешни врски
|
|
---|---|
Целосна листа | Берово | Будинарци | Владимирово | Двориште | Мачево | Митрашинци | Негрево | Панчарево | Пехчево | Ратево | Робово | Русиново | Смојмирово | Умлена | Црник | Чифлик |