Еј, Словени
Од Википедија, слободна енциклопедија
Еј, Словени (словачки оригинал: Hej, Slováci) е песна во која се трајно воспеани пансловенските идеи и неофицијална химна на пансловенското движење. Во периодот од 1945 - 1991 оваа песна е химна на Титова Југославија, а потоа и на Сојузна Република Југославија (СРЈ) и на Државната Заедница на Србија и Црна Гора, сè до осамостојувањето на Црна Гора во Мај 2006, кога химната официјално заминала во историјата. Музиката е базирана на химната на Полска - Дамбровска мазурка (Mazurek Dąbrowskiego), дело на полскиот генерал и народен херој, Јан Хенрик Дамбровски.
Песната е препеана на многу јазици и како таква се среќава под следниве наслови:
- македонски: Еј, Словени
- српски: Хеј Словени/Hej, Sloveni
- хрватски: Hej, Slaveni
- босански: Hej, Sloveni
- словенечки: Hej, Slovani
- словачки: Hej, Slováci
- чешки: Hej, Slované
- полски: Hej Słowianie
- бугарски: Хей, Славяни
- руски: Гей, Славяне
- англиски: Hey, Slavs
Содржина |
[уреди] Почетоци
Првата верзија на песната ја напишал словачкиот свештеник Самуел Томашик (Samuel Tomášik) во 1834 при една посета на Прага. Растревожен од фактот што низ улиците на најзначајниот чешки град повеќе може да се чуе германски отколку чешки, во својот дневник забележал:
- ...ако на мајката Прага, бисерот на западнословенскиот свет, ѝ е судено да биде загубена во германското море, што ја чека мојата татковина, Словачка, која од Прага ја црпе својата духовна храна? Вознемирен од таа помисла, се сетив на старата полска песна Jeszcze Polska nie zginęła, póki my żyjemy... (Полска живее додека живееме и ние...). Таа позната мелодија го инспирираше моето срце да извика во непокор: Hej, Slovaci, ešte naša slovenska reč žije... (Еј, Словаци, сеуште живее јазикот наш словачки...). Отрчав во мојата соба, запалив свеќа и напишав три строфи во мојот дневник. Песната беше готова за миг. (од дневникот на Самуел Томашик, Недела, 2. Ноември 1834)
Така, инспирирана од полска народна песна, со соодветна доработка од страна на Михаљ Клеофаш Огињски (Michal Kleofas Ogiński), се роди идната химна на панславизмот. Веќе на широко прифатена, таа се пее и на првиот панславистички конгрес во Прага во 1848, и станува симбол на словенскиот отпор кон Австро-Унгарскиот јарем. Во 1905, при подигањето на споменикот на словенечкиот поет Франце Прешерн, масата славела, пеејќи ја токму оваа песна.
Со почетокот на Првата светска војна и пленувањето на австроунгарските војници со словенско потекло (Чеси, Словаци, Хрвати, Словенци) од страна на српската и руската војска, песната го пробива својот пат на Балканот. Тука се прават првите преводи на српскохрватски и словенечки јазик. Песната останува популарна и во меѓувоениот период, сè додека Народноослободителната војска во текот на Втората светска војна не ја стави на местото на химна кралството Југославија.
[уреди] Химна
По Втората Светска Војна песната, во својата српскохрватска верзија, de facto станува химна на ФНРЈ, т.е. СФРЈ иако сè до 1977 таа се третира како свечена песна, а не химна. Дури во 1977 година таа е официјално прогласена за химна. Бидејќи и самата Југославија е заснована на панславистичките идеи, овој избор бил природен и правилен, бидејќи песната го воспева словенското единство. Во повоениот период за првпат се јавува и македонски препев. По распадот на СФРЈ во 1991, песната постанува химна на Сојузна Република Југославија иако суштината и идеалите кои таа ги носи, се загубени. Така, дефинитивно, со осамостојувањето на Црна Гора во 2006, песната стана „химна без држава“, односно постана симбол на идеали кои, за жал, бледеат во времето.
[уреди] Препеви
[уреди] Словачки изворен текст
Hej, Slováci! ešte naša Jazyka dar zveril nám Boh, I nechže sa aj nad nami |
[уреди] Српскохрватски, словенечки и македонски
Српскохрватскиот препев е даден во двете стандардни варијанти на јазикот, источната (српска: екавски, кирилица) и западната (хрватска: ијекавски, латиница)
Хеј, Словени, јоште живи Живи, живи, дух словенски Нек' се сада и над нама Ми стојимо постојано |
Hej Slaveni, jošte živi Živi, živi duh slavenski Nek se sada i nad nama Mi stojimo postojano |
Hej Slovani, naša reč Živi, živi, duh slovanski, Naj tedaj nad nami Bratje, mi stojimo trdno |
Еј, Словени, жив е тука Жив е вечно, жив е духот Пустошејќи, нека бура Стоиме на стамен-прагот |