Западна Германија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Западна Германија се нарекувала Федерална Република Германија помеѓу мај 1949. и октомври 1990., во времето на Студената војна, кога Германија била поделена на Источна (Германска Демократска Република) и Западна. Поранешните држави од Источна Германија: Мекленбург-Горна Померанија, Бранденбург, Саксонија, Саксонија-Анхалт и Турингија повторно пристапиле во Федерална Република Германија на 3. октомври 1990. година. Со тоа, поделбата на Западна и Источна Германија престанала да постои.