Егејска Македонија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Егејска Македонија (уште и Приморска или Беломорска Македонија) претставува 51% од географско-историската целост на Македонија во состав на денешна Република Грција. Најголем регион во денешна Република Грција според површина, втор регион според број на население. Грците овој дел го нарекуваат едноставно Македонија (грчки: Μακεδονία), бидејќи сметаат дека тоа е единствениот ентитет кој има право да го носи името Македонија. Ова е една од причините за грчко-македонскиот спор околу името на Република Македонија.
[уреди] Географија на Егејска Македонија
Егејска Македонија зафаќа околу 34356 km² или околу 51% од територијата на етничка Македонија. На запад се граничи со Албанија преку планините Грамос и Горбеч, на југ и југо-запад оградена од планините Пинд и Олимп се граничи со грчката област Тесалија, на југо-исток е отворена кон Егејското море, на исток преку реката Места се граничи со областа Тракија, а на север се граничи со Република Македонија (Вардарска Македонија) и Бугарија (Пиринска Македонија).
[уреди] Административна поделба
Според актуелната адинистративна поделба на Република Грција, Егејска Македонија не претставува една административна единица, туку е поделена на три покраини, кои се нарекуваат: Западна Македонија, Централна Македонија и Источна Македонија и Тракија. Најголем град во Егејска Македонија е Солун. Тој е седиште на покраината Централна Македонија.
[уреди] Западна Македонија
[уреди] Географија
Покраината е позната по планините: Неред со врвот Вич (2.128 m), Сува Гора, Горбеч, Пинд, Грамос, северните падини на Олимп јужните падини на Ниџе, Негушката Планина и Каракамен. Во овој дел се наоѓа и најјужниот дел на Пелагонија односно Леринското Поле. Карактеристични за овој регион се многуте езера како Островското, Петерското, Костурското, Рудничкото и Малото Преспанско Езеро.
[уреди] Административна поделба
[уреди] Централна Македонија
[уреди] Географија
Територијата на Централна Македонија се состои во 84% од огромното плодно Солунско Поле. Во овој дел се вбројуваат и Пајак Планина, Мегленската котлина и Циганската клисура. Низ овој дел Вардар го завршува својот тек и се влева во Егејското Море кај Солун.
[уреди] Административна поделба
- 5. Иматија
- 6. Кукуш
- 7. Пела
- 8. Пиерија
- 9. Сер
- 10. Солун
- 11. Халкидики
[уреди] Источна Македонија и Тракија
[уреди] Географија
Источниот дел на Егејска Македонија може да се крактеризира со две големи реки: Струма и Места, како и релативно ниски планини и ридести предели како Круша, Карадаг и други. Од околиите на оваа покраина, само две се во Егејска Македонија:
[уреди] Административна поделба
- 12. Драма
- 13. Кавала
Овие се под надлежност на државното владино Министерство на Македонија и Тракија.
Егејска Македонија се граничи со соседните покраини Тесалија и Епир.
[уреди] Градови и број на нивното насление во Егејска Македонија
Листа на градови во Егејска Македонија според бројот на нивното население | |
1. Солун | 773.180 |
2. Кавала | 58.663 |
3. Сер | 54.266 |
4. Катерини | 50.510 |
5. Бер | 42.794 |
6. Драма | 42.501 |
7. Кожани | 38.591 |
8. Кајлар | 30.017 |
9. Пазар (Јаница) | 26.296 |
10. Негуш | 19.870 |
11. Воден | 18.253 |
12. Кукуш | 17.430 |
13. Костур | 14.813 |
14. Лерин | 14.279 |
15. Александрија | 13.229 |
[уреди] Историја на Егејска Македонија
На територијата на Егејска Македонија како и на целата територија на етничка Македонија население имало уште од старото камено време. Доказ за тоа се пронајдоците во пештерата Камено Гумно (Петралона) на Халкидичкиот полустров. Уште од раните времиња на антиката, Егејска Македонија била од секогаш дел на Античка Македонија позната како Долна Македонија. На територијата на Егејска Македонија се наоѓале и македонските кралски престолнини Пела и Ајга. Во периодот на христијанството токму на брегот на Егејското Море во Егејска Македонија била покрстена првата Македонка Лидија, а низ Егејска Македонија пропатувал и светиот апостол Павле каде што ги образувал првите христијански црковни општини во Македонија и Европа воопшто. Во периодот на доаѓањето на Словените, солунските браќа Кирил и Методиј ќе ја создадат словенската азбука глаголица врз база на македонските словенски говори од Солунско. Во средновековниот период територијата на Егејска Македонија покрај Византиското владеење ќе влезе и во составот на државите на неколку балкански феудалци се до потпаѓањето под турската османска власт. Во турскиот период на владеење на територијата на Егејска Македонија ќе се случи најпрвин Негушкото востание во 1828 година, а свој силен одглас ќе има Илинденското востание особено во западните краишта. Според Букурешкиот мировен договор, по Балканските војни, во 1913 година, територијата на Егејска Македонија и се доделува на Грција и од тогаш започнува најтешкиот момент во историјата за македонското население на овие простори. Со најѕверски, бескрупулозни и насилни методи во периодот 1913 - 1922 година грчките власти ќе спроведат колонизаторска политика врз Македонците со што ќе го сменат етничкиот карактер на целата област. За време на Граѓанската војна во Грција(1945-1949) дури 14000 Македонци ќе застанат да се борат во редовите на ДАГ, но тоа ќе се одрази уште покатастрофално врз Македонците со нов бран на насилни протерувања, ѕверски убиства и мачења од страна на грчките монархо-фашистички власти.
[уреди] Македонците во Егејска Македонија
Егејска Македонија денес има околу 2.200.000 жители. Точниот број на лицата што се декларираат себеси како етнички Македонци не е познат, бидејќи при спроведувањето на пописите, не постои графа за националност со наслов Македонци. Според повеќе изјави на раководителите на македонската партија Виножито (пред се Павле Воскопулос) бројката на Македонците во Грција се движи до 400000 луѓе. Сепак поради големите рестриктивни и агресивни асимилациони и денационализаторски мерки кои биле превземани врз Македонците од страна на грчките власти во минатото, голем дел од Македонците во Егејска Македонија се со ниска национална свест, а македонскиот јазик е минимизиран пред се кај младите Македонци. Најголем број на Македонци живеат во западните и северо-западните делови на Егејска Македонија во градовите Лерин, Воден, Костур и нивните околни села. Генерално кажано, грчката влада не признава постоење на македонско малцинство во Грција и поради ова често пати е цел на критики од страна на повеќе странски организации меѓу кои и Хелсиншкиот Комитет.[се бара извор] Во Егејска Македонија не постои образование на македонски јазик, а обидите да се создаде Македонски Културен Центар во Воден, биле спречени од страна на грчката администрација. Во 2006 година во Атина и Солун беше промовирано повторното издание Букварот на современата македонска азбука и јазик, кој за прв пат бил испечатен во 1925 година од страна на грчката влада , што е чекор напред во подобрувањето на малцинските права на Македонците во Егејска Македонија и Грција воопшто. Во најново време во јули 2007 македонскиот национален фолклорен ансамбл „Танец“ одржа турнеја низ повеќе места во Егејска Македонија како што се Кајљарско, Мегленско и Леринско, на големо воодушевување и задоволство на тамошните жители - Македонци. Оваа турнеја своевидно претставува и прв културен контакт на Македонците од Република Македонија со своите сонародници Македонци кои суште живеат во Егејска Македонија, по подолго време од над 50 години.
Општиот став кој владее во Грција е дека тврдењето за постоење на македонско малцинство претставува територијална претензија на Република Македонија.
[уреди] Партии и организации на Македонците во Егејска Македонија
Македонците во Егејска Македонија се организирани во партијата Виножито сo седиште во Лерин, и покрај острите репресии од страна на грчките власти. Партијата на Македонците во Егејска Македонија активно се бори за малцинските права на Македонците во Грција преку разни протести во Европскиот парламент и до Европските институции и во внатрешниот политички живот на Грција.
[уреди] Познати Македонци од Егејска Македонија
- Крсте Петков Мисирков - роден во с.Постол (Пела) Воденско во 1885 година, најголем македонски национален идеолог, борец за македонската национална самобитност и осново положник на македонскиот литературен јазик.
- Гоце Делчев - роден во Кукуш во 1872 година, најголем македонски револуционер, великан, апологет и најголем идеолог на македонското национално-ослободително револуционерно движење.
- Александар Македонски - роден во Пела (Постол) во 356 година п.н.е., најпознатиот античко-македонски крал кој го проширил македонското кралство до Индија и Египет.
- Димитар Влахов - роден во Кукуш во 1878 година, познат македонски национален деец, политичар и државник, еден од основачите на ВМРО (Обединета).
- митрополит Теодосиј Гологанов - роден во с.Трлис, Серско, македонски национален деец и голем поборник за обновување на Охридската архиепископија и за создавање на македонска национална држава.
[уреди] Листи на села во Егејска Македонија според општини
- Листа на села во Костур
- Листа на села во Лерин
- Листа на села во Драма
- Листа на села во Сер
- Листа на села во Солун
- Листа на села во Воден
- Листа на села во Кожани
- Листа на села во Кукуш
- Листа на села во Бер
- Листа на села во Ениџе Вардар
- Листа на села во Лагадина
- Листа на села во Касандра
- Листа на села во З’хна
- Листа на села во Демир Хисар
- Листа на села во Правишта
- Листа на села во Кајлар
- Листа на села во Населица
- Листа на села во Гревена
- Листа на села во Меглен
[уреди] Надворешни врски
- Егејска Македонија - интернет страница за Егејска Македонија
- Виножито - официјална веб-страница на партијата на Македонците во Грција
- Утрински весник - Запис за конгресот на Виножито во Солун
|
|||
---|---|---|---|
Атика | Егејски Острови | Епир | Јонски Острови | Крит | Македонија | Пелопонез | Тесалија | Тракија | Централна Грција Света Гора (автономен регион во Македонија) |