Негуш
Од Википедија, слободна енциклопедија
Негуш (на грчки: Νάουσα, Науса, на турски: Ağostos, Агостос) е град во Егејска Македонија. Градот е сместен во источните предели на Каракамен Планина, позната уште како Негуш Планина, на 21 километри северозападно од Бер и на 40 километри јужно од Воден. Низ Негуш минува реката Арапица.