Отаго
Од Википедија, слободна енциклопедија
Оташки Регионален Совет | |
Земја: | Нов Зеланд |
Регионален Совет | |
---|---|
Назив: | Оташки Регионален Совет |
Претседател: | Стивен Кернс[1] |
Население: | 198,300 од јуни 2006[2] |
Површина: | 31,241 km² |
Веб-сајт: | www.orc.govt.nz |
Населени места | |
Поголеми: | Данидн |
Помали: | Квинстаун, Александра, Кромвел, Оамару, Палмерстон, Ванака, Френктон, Мидлмарч, Лоренс, Балклута, Брајтон, Мозгил, Милтон, Ваикоуати, Моераки, Етрик |
Составни административни единици | |
Имиња: | Данидн Централно Отаго Клута Квинстаунски Езера Ваитаки |
Веб-сајтови: | www.otago.co.nz www.cityofdunedin.com www.qldc.govt.nz |
Отаго (англ. Otago, маор. Ōtākou) е регион во Нов Зеланд на југоисточниот дел на Јужниот новозеландски остров. Зафаќа површина од околу 32,000 км², и со тоа е втор регион по големина во земјата. По пописот од 2001, Отаго има 181,542 жители.
Поглавни населени места се Данидн (централен град на регионот), Оамару, Балклута, Александра и главните туристички центри Квинстаун и Ванака. Каитангата и Јужно Отаго се голем извор на јаглен. Реките Ваитаки и Клута го генерираат најголемиот дел од електричната енергија во земјата.
Оташкиот Универзитет, е прв универзитет во Нов Зеланд (1869) како провинцијалниот универзитет во Данидн.
Во Централно Отаго се произведуваат вина со врвен квалитет од најразлични сорти како Пино Ноар, Шардоне, Совињон Бланк, Мерло и Ризлинг.
[уреди] Видете исто така
- Знаме на Отаго
[уреди] Надворешни врски
- Весник „Otago Daily Times“ ((en))
- Оташки Регионален Совет ((en))
- Полуостров Отаго ((en))
- Отаго Нов Зеланд, сè за Отаго ((en))
- Оташки Политехник ((en))
- Оташки Универзитет ((en))
Северен остров: |
Нортленд | Окленд | Ваикато | Залив Пленти | Гизборн¹ | Хоков Залив | Таранаки | Манавату-Вангануи | Велингтон |
Јужен остров: |
Тасман¹ | Марлборо¹ | Нелсон¹ | Западен Брег | Кантербури | Отаго | Саутленд |
¹ Унитарни административни единици |