Северен новозеландски остров
Од Википедија, слободна енциклопедија
Северниот новозеландски остров (англиски: North Island) е еден од двата главни острови на Нов Зеланд, од кои другиот е Јужниот новозеландски остров.[1] Островот зафаќа површина од 113,729 км² [2], и како таков е 14-тиот остров по големина во светот.
На Северниот остров се наоѓаат неколку важни градови како најголемиот во државата, Окленд, и главниот град Велингтон кој се наоѓа на јужниот крај од островот. Околу 76% од населението на Нов Зеланд живее на Северниот остров.
Според преданијата на маорската митологија, Северниот и Јужниот новозеландски остров потекнуваат од времето на Мауи, кој бил полубог. Тој рибарел заедно со браќата од нивното кану (Јужниот остров) и фатил голема риба која ја извлекол од морето. Додека вниманието му било свртено на нешто друго, браќата на Мауи се истепале за рибата и така ја распарчиле. Оваа голема риба станала Северниот остров и затоа на маорски тој е наречен Te Ika-a-Māui (Рибата на Мауи). Се сметало дека планините и долините се резултат на парчосувањето на рибата при борбата помеѓу браќата.[3]
Содржина |
[уреди] Региони на Северниот остров
Северниот остров, и околните острови и територијални води ги покриваат девет региони.
- Нортленд
- Окленд
- Залив Пленти
- Гизборн
- Ваикато
- Таранаки
- Манавату-Вангануи
- Хоков Залив
- Велингтон
[уреди] Градови на Северниот остров
(помали населени места може да се најдат на Листа на градови во Нов Зеланд.)
- Велингтон
- Гизборн
- Кембриџ
- Керикери
- Коромандел
- Матамата
- Мастертон
- Напиер
- Нов Плимут
- Окленд
- Палмерстон Север
- Парапарауму
- Пахиатуа
- Раглан
- Роторуа
- Стратфорд
- Таупо
- Тауранга
- Фокстон
- Хамилтон
- Хантли
- Хестингс
[уреди] Географски поими
- Ваикато (река)
- Ваипујска каури-шума
- Ваитомски пештери
- Куков проток
- Реинга (рт)
- Таупо (езеро)
- Тетауматафакатангихангакоауаотаматеаурехаеатурипукапихимаунгахоронукупокаифенуаакитанараху
- Национален Парк Тонгариро
[уреди] Белешки
- ↑ На некои карти од XIX век, северниот остров е наречен New Munster (Нов Манстер).
- ↑ Statistics New Zealand Geography - physical features
- ↑ Сè до раниот XX век, друго маорско име за Северниот остров било Аотеароа. Денес името Аотеароа се однесува на целиот Нов Зеланд.
Северен остров: |
Нортленд | Окленд | Ваикато | Залив Пленти | Гизборн¹ | Хоков Залив | Таранаки | Манавату-Вангануи | Велингтон |
Јужен остров: |
Тасман¹ | Марлборо¹ | Нелсон¹ | Западен Брег | Кантербури | Отаго | Саутленд |
¹ Унитарни административни единици |