Петрич
Од Википедија, слободна енциклопедија
Петрич
Површина | ? 2 |
---|---|
Население | 35 134 (според 2006) |
Регистарска ознака | Е (BG) |
Административна поделба | Благоевградска област |
Градоначалник | Вељо Илиев (ОДС) |
Надморска висина | 168 m |
Веб-сајт | www.bl.government.bg |
Координати: | 41° 24′ С, 23° 13′ И |
Петрич е град во Югозападна Бугарија. Се наоѓа во Благоевградска област. Тоj e центар на истоимена општина. Општината има 55 населени места со вкупно население од 62 924 жители. Според податоци од 2006 година во градот Петрич живеат 35134 жители.
Градот е сместен во Петричкото поле северно од планината Беласица, а во негова близина се наоѓаат и с. Рупите и храмот Св. Петка на познатата пророчка Ванѓа и Самуиловата тврдина во с. Клуч (Петричко). Во близината на градот се наоѓаат и 2 гранични премини: Златарево кон Република Македонија и Кулата кон Република Грција. Се до влегувањето на Бугарија во ЕУ, Петрич претставуваше важен трговски центар за граѓаните од Македонија кои во Петрич се снабдуваа со разна евтина стока.
На првиот и вториот попис во НР Бугарија во 1946 и 1956 година, процентот на Македонци во Петрич и Петричко се движел од 90% - 95%. И на првиот попис по падот на комунизмот во Бугарија во 1991 година, бројни медиуми шпекулирале дека во Петрич и петричко има „национална закана“ бидејќи над 30% од населението се декларирале како Македонци.[се бара извор] Тие податоци не се потврдени на пописот од 2001 година. Токму затоа во градот Петрич во 1943 година била формирана Македонската народна федерална организација, која се залагала и работела на обединувањето на Пиринска Македонија со НР Македонија.[се бара извор] Членовите на оваа организација во деведесетите години на ХХ век ја формирале денешната организација на Македонците во Пиринска Македонија, ОМО Илинден - Пирин.[се бара извор]
[уреди] Спорт
На Градскиот стадион "Цар Самоил" во Петрич игра ФК „Беласица“. Фудбалот во Бугарија започнал да се развива во почетокот на XX век. ФК "Беласица" бил формиран 1920 година, претходно се нарекувал "Мануш војвода", "Л. Весов", "Македонија", "Илинден" и "Динамо", од 1957 година го добива името "Беласица". Дел е од А група од 1980 до 1984. Во бугарската Прва Лига е во сезоната 2004/2005.
[уреди] Познати личности
- Баба Ванѓа
- Стојан Георгиев Томовичин
- Васил Атанасов Василев
- Атанас Великов
Ајтос · Асеновград · Ахтопол · Балчик · Белоградчик · Берковица · Ботевград · Банско · Благоевград · Бургас · Бјала (Варненска област) · Бјала (Русенска област) · Варна · Велико Трново · Велики Преслав · Велинград · Видин · Враца · Габрово · Горна Орjаховица · Гоце Делчев · Димитровград · Добрич · Дупница · Казанлак · Карлово · Карнобат · Китен · Крџали · Ќустендил · Ловеч · Лом · Мало Трново · Мелник · Монтана · Несебар · Нова Загора · Пазарџик · Панаѓуриште · Перник · Петрич · Пештера · Плевен · Пловдив · Поморие · Попово · Приморско · Провадиjа · Разград · Русе · Сандански · Самоков · Свиштов · Севлиево · Сливен · Сливница · Силистра · Смолјан · Созопол · Софија · Стара Загора · Тројан · Трговиште · Харманли · Хасково · Царево · Чепеларе · Jамбол · Шумен · Шабла