Расказ
Од Википедија, слободна енциклопедија
Расказ е епска форма на наративна проза карактеристична по релативно малиот број на зборови што ги содржи. Одредувањето на гранична должина за еден расказ претставува проблем. Според класичната дефиниција, еден расказ треба да може да се прочита во едно седење. Во современа употреба, сепак, поимот подразбира фиктивно дело што содржи до 20 000 зборови. Во пракса, должината на расказот зависи од местото на објавување.
Расказот треба да има мал број на ликови, односно само еден главен лик. Со расказот се опишуваат помал број на случки отколку кај романот.
Ова е недовршена статија за литература. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |