Список на светско културно и природно наследство на УНЕСКО
Од Википедија, слободна енциклопедија
Вo Списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО влегуваат објекти (например гори, планина, езеро, пустина, зграда, град), номинирани и одобрени по меѓународната Програма за светското наследство на Комисијата за светско наследство на УНЕСКО. Програмата има за цел да каталогизира, именува и зачува објекти со културно и природно значење за општото наследство на човечкото наследство. Во определени услови, објектите од списокот можат да бидат финансирани од страна на Фондот за светско наследство. Програмата е создадена со Конвенцијата за зачувување на светското културно и природно наследство, која е подржана од генералната конференција на УНЕСКО на 16 ноември 1972. Одтогаш па се до денес, 182 држави ја ратифицирали конвенцијата. Кон крајот на 2006 во списокот имало вкупно 830 објекти: 644 културни, 162 природни и 24 “мешано“ значење, и тоа од 138 држави кои се членки на Конвенцијата. УНЕСКО на секој објект од списокот му дава идентификационен број. Во Македонија, стариот град во Охрид е вклучен во списокот на УНЕСКО.
Список на УНЕСКО од Балканскиот полуостров:
Содржина |
[уреди] Македонија
[уреди] Албанија
- Град-музеј Гирокастра
- Бутринт
[уреди] Босна и Херцеговина
[уреди] Бугарија
- Бојанска црква
- Ивановски скални цркви
- Гробницата во Казанлак
- Националниот парк Пирин
- Рилски манастир
- гробницата кај Свештари
- Резерватот „Сребрна“
- Стариот град на Несебар
[уреди] Грција
- Акрополот во Атина
- Атон
- Баса, храмот на Аполон
- Вергина
- Делос
- Делфи
- Светилиштето на Асклепиј во Епидавер
- Корфу историски град
- Метеора
- Микена и Тиринт
- Мистрас
- Олимп
- Родос средновековен град
- Питагореон и Хераион Самоски
- Древнохристијански и византиски споменици во Солун
[уреди] Косово
- Средновековни споменици на Косово
[уреди] Романија
- Дакиските тврдини на планината Орастие
- Делтата на Дунав
- Дрвени цркви во Марамуреш
- Историскиот центар на Сигишоара
- Манастирот Хорезу
- Црквите во Трансилванија
- Црквите во Молдавија
[уреди] Словенија
- Пештерата Шкоциан
[уреди] Србија
- Манастир Дечани
- Стари Рас и Сопочани
- Манастир Студеница
[уреди] Турција
- Ѓореме национален парк и скалите на Кападокија
- Големата џамија со болница во Дивриги
- Историскиот реон на Истанбул
- Ксантос-Летон - престолнината на Ликија
- Немрут даг
- Троја археолошки објект
- Хатуша - древната престолнина на хетите
- Хиераполис - Памуккале
- Град Сафранболу
[уреди] Хрватска
- Дубровник - стариот град
- Епископски комплекс и базилика на архиепископ Еуфразиус во историскиот центар на Пореч
- Историскиот комплекс во Сплит со дворецот на Диоклециан
- Катедралата „Св. Јаков“ во Шибеник
- Национален парк "Плитвачки езера"
- Трогир историски град
[уреди] Црна Гора
- Национален парк „Дурмитор“
- Котор и Которскиот залив