Султан-муратова џамија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Султан-муратовата џамија е најстарата зачувана џамија во Скопје. Изградена во 1436 година, во времето на султанот Мурат II, на едно од најдоминантните места во Скопје, на возвишение во стариот дел на градот.
Позната и како Хунќар (турски:Hunkâr, царева, султанска) џамија или Саат џамија (заради саат кулата која се наоѓа во нејзиниот двор). Денешниот изглед се разликува од првобитниот заради големите оштетувања кои ги претрпела во повеќе пожари, воени пустошења и земјотреси.
Во комплексот на џамијата се наоѓаат и две турбиња – турбето на Бејхан Султан и семејната гробница на Али-паша од Дагестан.