Тајната вечера (слика)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Тајната вечера |
Леонардо да Винчи, 1495–1498 |
460 × 880 cm |
Санта Марија деле Грацие, Милано |
Тајната вечера е ѕидна слика во доминиканската црква „Санта Марија дела Грација“ во Милано, сликана од 1494 до 1498 година. „Тајната вечера“ го прикажува клучниот момент на последниот оброк што Исус им го поделил на 12-те апостоли. Сликана е од врвниот уметник Леонардо да Винчи по порачка на кнезот на Милано Лудовико Сфорца.