Разговор:Јупитер
Од Википедија, слободна енциклопедија
Дечки, странава ја преведувам од англиската верзија. Таму има некој шаблон што е искористен за детали за планетите што од македонскава википедија не можам да го пристапам. Знае ли некој решение за тоа? Како да го префрлам/рекреирам/искористам шаблонот од англиската википедија?
(Жарко 12:07, 2 Април 2006 (UTC))
- Жарко, сите шаблони се всушност посебни страници. За да и тука "функционираат", треба да кликнеш на edit на статијата за Jupiter на англиското Вики. Најдоле имаш наслов Templates used on this page. Кликнуваш на некој од наведените шаблони (templates) и од таму ја копираш содржината во македонското Вики, во страница Шаблон:Име на шаблонот (на пример, еден шаблон којшто го имам ископирано: Шаблон:Соц-никулец). Boyan 12:18, 2 Април 2006 (UTC)
-
- Бојан, имам и уште еден проблем: ако отидеш на Јупитер страната на англиската википедија, од десна страна има табела со податоци за планетата - максимален орбитален период, број на сателити... проблемот е што кога кликнувам на едит, во текстот тие податоци ги нема. Како е врзана табелата на страната? од каде и како ги чита тие податоци? Табелата најгоре има слика од Јупитер, а под неа е напишано - Orbital characteristics (Epoch J2000) (Жарко 12:55, 2 Април 2006 (UTC))
- Исто, тоа ти е шаблонот en:Template:Planet Infobox/Jupiter. Шаблоните во страниците се сместуваат во средни загради. Boyan 13:40, 2 Април 2006 (UTC)
-
- Сега го разбрав како функционира, фала. (Жарко 13:50, 2 Април 2006 (UTC))