13 октомври
Од Википедија, слободна енциклопедија
Шаблон:Октомври 2008
13 октомври е 286-иот ден во годината според григоријанскиот календар (287-и во престапна година). Остануваат 79 денови до крајот на годината.
Настани:
1884 | Меридијанот што поминува низ Гринич (предградие на Лондон) е усвоен како универзаллен (нулти) меридијан, од кој се сметаат географските должини на точките и времето на Земјата. |
1943 | Под притисок на сојузничките водачи, Италијанскиот крал Виторио Емануел Трети и неговиот премиер Бадолјо и објавил војна на Германија, на тој начин Италија, барем оној дел кој бил под сојузничка контрола, се придружила на антихитлеровската коалиција. До објавувањето на војната дојшло дури по паѓањето на фашистичката влада на Бенито Мусолини и по капитулацијата на Италија. |
1952 | Во издание на Државното книгоиздателство излезе од печат „Граматика на македонскиот литературен јазик“ од Блаже Конески. |
1995 | Во Скопје, потпишан е меморандум за практична примена на Њујоршка спогодба меѓу Македонија и Грција. |
Родени:
1474 | Мариото Арбертинели, Италијански сликар, еден од претставниците на француската школа на високата ренесанса. |
1911 | Андре Навара, француски виолончелист со интернационално реноме. Извесно време има предавано во Скопје, а бил чест и многу значаен учесник во програмата на Охридско лето. |
1923 | Во Битола, е родена Драга Чаловска - Секуловска, македонски новинар, учесник во НОВ од 1941 година и еден од основачите на Радио Скопје, каде што непосредно по ослободувањето, во еден период кога Радиото бележело брз и сестран развој, ја вршела функцијата уредник на Радио Скопје. |
- 1925 - Маргарет Тачер, британски премиер
- 1932 - Душан Макавеев, српски режисер
- 1982 - Јан Торп, австралиски пливач
Починале:
1984 | Илија Зафировски, македонски новинар. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |