14 октомври
Од Википедија, слободна енциклопедија
Шаблон:Октомври 2008
14 октомври е 287-иот ден во годината според григоријанскиот календар (288-и во престапна година). Остануваат 78 денови до крајот на годината.
Настани:
1941 | Во селото Крупиште, Штипско, како одмазда за загубената борба, германските фашисти со вперени пушки влегувале во куќите и ги собирале мажите од 15 до 60-годишна возраст, притоа пукале во секој што ќе почнел да бега. Злосторниците влегувале во куќите и ги гореле заедно со добитокот. Притоа стрелале 49 луѓе. Истиот ден германските фашисти извршиле масакр над населението во кочанското село Уларци. Селото било опожарено и биле стрелани 40 луѓе. |
1993 | Во Њујорк, е потпишано заедничко соопштение за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, на ниво на амбасадори. Потпишувањето е извршено под Уставното име. |
1994 | По Ирската републиканска армија и лојалистичките парамилитарни единици, објавија општ прекин на воените акции, со што се создадени основните предуслови за почеток на крајот на крвавата северно-ирска драма. |
Родени:
1890 | Двајт Ајзенхауер, американски генерал и политичар. |
1919 | Димитар Митрев, македонски литературен критичар и есеист, академик, професор на Филозофскиот факултет во Скопје. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |