15 јули
Од Википедија, слободна енциклопедија
Шаблон:Јули 2008
15 јули е 196-иот ден во годината според григоријанскиот календар (197-и во престапна година). Остануваат 169 денови до крајот на годината.
Настани:
1556 | Во Рим свечено е осветена грандиозната купола на црквата Свети Петар, што ја изгради прочуениот италијански архитект, вајар, сликар и поет Микеланџело Буонароти. Овој датум е земен како ден на раѓањето на барокот. |
1869 | Французинот Иполит Меж Морис го патентира маргаринот, прехранбен продукт кој ќе треба да се обиде да го спречи масовниот глад распространте меѓу сиромашните слоеви на населението. |
1965 | Американскиот вселенски брод Маринер 4 го испрати првите снимки од планетата Марс. |
1968 | На линијата Москва-Њујорк воспоставена е првата директна авио-врска меѓу САД и СССР. Летовите почнуваат да ги изведуваат компаниите Аерофлот и Пан Америка. |
1990 | Во Охрид е извршено осветување на новоизградената црква „Света Тројца“. |
Родени:
1606 | Харменс ван Ријн Рембрант, познат холандски сликар, еден од најголемите во историјата на уметноста. Умре во Амстердам, на 4 октомври 1669 година. |
1919 | Ирис Мурдок, ирска писателка. |
1930 | Жак Дерида, француски философ. |
1956 | Џо Сатријани, американски гитарист. |
Починале:
1291 | Рудолф I Хабсбург, германски цар и оснoвач на династијата на Хабсбурговците. |
1904 | Антон Павлович Чехов, руски раскажувач и драмски писател. Најпознати негови дела се драмите „Галеб“, „Три сестри“, „Вујко Вања“ и „Вишновата градина“, како и збирките раскази „Човекот во футрола“, „Куќа на кат“ и „Селани“. Роден е во Таганрог, на 29 јануари 1860 година. |
1929 | Хуго фон Хофманштал, австриски писател. |
1944 | Вера Циривири-Трена, првоборец и активен учесник во напредното работничко движење. Убиена е од страна на бугарските фашисти во Штип. Родена е во Прилеп во 1921 година. |
1997 | Џани Версаче, италијански моден креатор. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |