17 август
Од Википедија, слободна енциклопедија
17 август е 229-иот ден во годината според григоријанскиот календар (230-и во престапна година). Остануваат 136 денови до крајот на годината.
Јул - Август - Сеп | ||||||
п | в | с | ч | п | с | н |
1 | 2 | 3 | ||||
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |
календар за 2008 г. Сите дати |
Настани:
986 | Во Ихтиманскиот премин (Трајанова врата), византискиот император Василиј II претрпува пораз во борба со војската на македонскиот цар Самоил кој продолжува со нови освојувања се до 991 година. |
1593 | Турскиот султан Мурат Втори и објавува војна на Австрија која трае 14 години. |
1807 | Првиот американски параброд, изработен од Роберт Фултон, тргнува на првото комерцијално поморско патување во светот. |
1960 | Габон стекнува независност од Франција. |
1962 | Петер Фехтер станува првата жртва на Берлинскиот ѕид - застрелан е додека се обидува да ја напушти Источна Германија и да премине на западната страна од Берлин. |
1998 | Американскиот претседател Бил Клинтон на снимена изјава признава дека имал „неприкладна физичка врска“ со стажистката во Белата куќа Моника Левински. |
Родени:
1873 | Славејко Арсов, истакнат македонски револуционер и војвода. |
1893 | Мае Вест, американска актерка. |
1911 | Михаил Ботвиник, советски шахист и светски шаховски првак. |
1930 | Тед Хјуз, британски поет , сопруг на американската писателка Силвија Плат. |
1943 | Роберт де Ниро, американски актер и режисер. |
1960 | Шон Пен, американски актер и режисер. |
1977 | Тиери Анри, француски фудбалер. |
Починале:
1969 | Ото Штерн, германски физичар и Нобелов лауреат. |
1983 | Ајра Гершвин, американски текстописец, постар брат на композиторот Џорџ Гершвин. |
1987 | Рудолф Хес, заменик фирер на нацистичката партија. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |