22 септември
Од Википедија, слободна енциклопедија
Шаблон:Септември 2008
22 септември е 265-иот ден во годината според григоријанскиот календар (266-и во престапна година). Остануваат 100 денови до крајот на годината.
Настани:
1792 | Во екот на војната со контрареволуцијата париските маси го зазедоа кралскиот дворец во Париз и го затвориле Луј Шеснаесетти и неговата сопруга Марија Антоанета. Законодавното собрание прокламирало република, со што е создаден предуслов за спас на револуцијата и за одбрана на Франција од инвазијата. Истиот ден стапил во сила и новиотиот револуционерен календар. |
1862 | Американскиот претседател Абрахам Линколн објавил декрет според кој од 1 јануари 1863 година на сите американски робови им се дава целосна слобода. Тоа било резултат од долготрајната борба на прогресивните сили на Американската граѓанска војна, кој барала брза и неодложна акција за ослободување на обесправените Црнци. |
1933 | Во Париз почнал Светскиот младински конгрес против војната и фашизмот. |
1991 | За првпат во Република Македонија бил изведен светиот чин опход на моштите на Свети Климент Охридски Чудотворец (опходот траел до 6 октомври истата година), основоположник на Македонската и на првата Словенска православна црква и втемелувач на националната самобитност на македонскиот народ. |
1992 | Во Штип е отворена првата приватна специјалистичка гинеколошка ординација во Република Македонија. |
1992 | Воспоставена е авиолинија Скопје - Москва. |
1993 | Во Бали, Индонезија, Република Македонија е примена во Светскиот совет за енергија. |
Родени:
1791 | Мајкл Фарадеј, англиски физичар и хемичар. |
Починале:
1944 | Ибе Паликуќа, народен херој на Македонија, во битка против балистите. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |