26 јули
Од Википедија, слободна енциклопедија
Шаблон:Јули 2008
26 јули е 207-иот ден во годината според григоријанскиот календар (208-и во престапна година). Остануваат 158 денови до крајот на годината.
Настани:
1953 | Со нападот на герилците на касарната „Монкада“ во градот Сантијаго де Куба, Фидел Кастро ја започнува борбата против диктаторот Фулгенсио Батиста. |
1956 | Египетскиот претседател Гамал Абдел Насер го национализира Суецкиот канал, кој претходно беше под контрола на англо-француска компанија. |
1963 | Катастрофален земјотрес го разурна главниот град на Република Македонија - Скопје. Во земјотресот загинаа 1.070 луѓе, 2.900 беа повредени, а беше уништен или оштетен 4/5 од стамбениот фонд. Веста за земјотресот што го зафати Скопје брзо се рашири низ целиот свет, кој покажа голема солидарност. |
1996 | Република Македонија и Европската Унија потпишаа рамковна спогодба за соработка на Република Македонија во Европската Унија. Истиот ден во Република Македонија пристигнува и првиот американски амбасадор - Кристофер Хил. |
1996 | Република Македонија стана потписничка на Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства и потписничка на повелбата на Советот на Европа за регионални или малцински јазици. |
Родени:
1782 | Џон Филд, ирски композитор. |
1875 | Карл Густав Јунг, швајцарски психијатар, основач на Аналитичката или комплексна психологија, еден од најгенијалните умови на XX век. |
1894 | Алдоус Хаксли, англиски писател и есеист, голем критичар на современиот свет. |
1928 | Стенли Кјубрик, американски режисер, кој во текот на својата пеесетгодишна филмска кариера ќе сними 13 филмови, голем дел од нив сметани за класици на американската кинематографија. За негови највредни остварувања се сметаат Пеколен портокал, Одисеја во вселената 2001, Доктор Стрејнџлав, како и Сјаење. Се смета за еден од најголемите режисери на сите времиња. |
1943 | Мик Џегер, американски музичар, основач на една од најголемите групи во историјата - Ролинг Стоунс. |
Починале:
1902 | Шарл Дадан, француско-американски пчелар, таткото на модерното пчеларство. |
1926 | Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, дипломат, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 година ја издаде книгата За македонцките работи. Роден е во Ениџе, Вардарска околија, Солунска област, на 18 ноември 1874 година. |
1952 | Ева Перон, популарната „прва дама“ на Аргентина, сопруга на Хуан Перон. |
1985 | Фреди Перлман, анархиста, писател, теоретичар и музичар, голем критичар на современиот свет. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |