31 мај
Од Википедија, слободна енциклопедија
Апр - Мај - Јун | ||||||
п | в | с | ч | п | с | н |
1 | 2 | 3 | 4 | |||
5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | |
календар за 2008 г. Сите дати |
31 мај е 151-иот ден во годината според григоријанскиот календар (152-и во престапна година). Остануваат 214 денови до крајот на годината.
Настани:
1942 | Чехословачките патриоти го убија водачот на Гестапо, Рајнхард Хајдрих, еден од најсуровите нацистички злосторници, организатор на најмасовните масакри врз Полјаците, Евреите и Русите. Во знак на одмазда, нацистите го уништија селото Лидице и ги убија нивните жители. |
1961 | Јужна Африка се прогласи за Република, за претседател е избран Чарлс Робертс Сварт, а државата го напушти Британскиот комонвелт. |
1962 | Во Израел е извршена смртна казна со бесење врз нацистичкиот злосторник Адолф Ајхман, еден од главните егзекутори на Хитлеровото „конечно решение“ на еврејското прашање во Европа. Во судскиот процес е утврдено дека Ајхман е виновен за смртта на шест милиони луѓе. |
1991 | Во Лисабон е потпишан мировен Договор за Ангола, според кој, по околу 16 години заврши граѓанската војна во таа африканска земја. |
Родени:
1656 | Марен Маре, француски композитор за виола да гамба |
1872 | Јане Сандански, истакнат македонски револуционер, војвода и еден од раководителите на ТМОРО и доследен следбеник на Гоцевите идеи. |
Починале:
1594 | Јакопо Робусти Тинторето, Италијански сликар. |
1809 | Франц Јозеф Хајдн, австриски композитор. |
1962 | Адолф Ајхман, нацистичкиот злосторник, обесен после судскиот процес во кој е утврдено дека е виновен за смртта на шест милиони луѓе. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |