1 мај
Од Википедија, слободна енциклопедија
Апр - Мај - Јун | ||||||
п | в | с | ч | п | с | н |
1 | 2 | 3 | 4 | |||
5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | |
календар за 2008 г. Сите дати |
1 мај е 121-иот ден во годината според григоријанскиот календар (122-и во престапна година). Остануваат 244 денови до крајот на годината.
Настани:
1707 | Англија и Шкотска се обединуваат и го формираат Кралството Велика Британија |
1834 | Британските колонии го укинуваат ропството. |
1886 | Во Чикаго, САД, избувна штрајк на околу 40.000 работници кои истапија со барањето за осумчасовен работен ден. На Првиот конгрес на Втората интернационала, што се одржа во Париз, во 1889 година беше решено секоја година на 1 мај, во знак на сеќавање на чикашките работници, да се одржуваат масовни демонстрации. Од 1890 година 1 мај се слави не само во знак на борбата за осумчасовен работен ден, туку како манифестација на класната солидарност на работничката класа во целиот свет. |
2001 | Како реакција на масакрот кај Вејце, во насилни демонстрации во Битола се запалени повеќе од 40 албански куќи, дуќани и фирми. |
2004 | Естонија, Кипар, Латвија, Литванија, Малта, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија и Чешка станаа членки на Европската Унија. |
Родени:
1909 | Јанис Рицос, поет на грчката левица. |
1924 | Иван Антонов, доајен на македонското радио и телевизиско спикерство. |
1929 | Ралф Дарендорф, германски социолог |
Починале:
1873 | Дејвид Ливингстон, шкотски мисионер и истражувач |
1904 | Антонин Дворжак, чешки композитор |
1994 | Ајритон Сена, еден од најголемите возачи на автомобилското натпреварување во светот на „Формула 1“. |
Празници:
* | Меѓународен ден на трудот |
* | САД - Ден на правото |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |